Download Print this page

Bayer HealthCare MEDRAD CT 300 Series Instructions For Use Manual page 317

Advertisement

Вовед: Прочитајте ги информациите од ова упатство за употреба.
Кога ќе ги разберете информациите, ќе Ви биде полесно исправно да
®
го користите MEDRAD
Twist & Go (Twist & Go) системот од цевчиња
и спојки под висок притисок.
Важна безбедносна напомена: Twist & Go системот од цевчиња и
спојки под висок притисок треба да го корстат квалификувани
медицински лица со соодветна обука и искуство во примената на
ангиографски постапки и користењето на инјектори од Bayer.
Како и со сите други инјектори, потребна е претпазливост при
користењето на системот за инјектирање. Главни методи за да се
намали ризикот од присустност на воздух во текот на внесот на
течноста се визуелни проверки и добри навики при поставувањето и
користењето како и придржување за упатството за употреба.
Упатство за употреба: Twist & Go системот од цевчиња и спојки под
висок притисок е наменет да се користи при внесот на контрастни
средства и обични раствори. Уредот е наменет само за еднократна
употреба и тоа со инјектори од Bayer со Twist & Go шприцови.
Контраиндикации: Не се познати.
Ограничена продажба: Само со рецепт.
За сите сериозни инциденти поврзани со овој уред известете го Bayer
(radiology.bayer.com/contact) и Вашиот локален европски надлежен
орган (или ако е применливо, известете го соодветниот регулаторен
орган во земјата каде што се случил инцидентот).
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од воздушен емболизам. Може да дојде до
сериозна повреда или смрт на пациентот.
• Погрижете се еден оператор да биде назначен за
одговорен за чистење на системот од цевчиња и спојки
под висок притисок. Не менувајте ги операторите за
време на процедурата. Ако мора да се смени
операторот, погрижете се новиот оператор да провери
дали воздухот е отстранет од патеката на течноста.
• Погрижете се пациентот да не биде поврзан при
чистењето на воздухот од системот од цевчиња и спојки
под висок притисок.
• Отстранете го воздухот од системот од цевчиња и спојки
под висок притисок.
• Бидете претпазливи при отстранувањето на воздухот од
шприцот или од спојките на цевчињата. Доколку се
користат алати при отстранувањето на воздухот, може
да дојде до оштетување на компонентите.
• Добро прицврстете го системот од цевчиња и спојки под
висок притисок за врвот на шприцот. Доколку се
користат алати при прицврстувањето, може да дојде до
оштетување на компонентите.
• Немојте да ги користите цевчињата за да ја менувате
положбата на инјекторот.
• Избегнувајте конктакт со или оштетување на врвот на
шприцот, цевчињата и спојките кога ја менувате
положбата на инјекторот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од контаминација што се пренесува преку
крв. Може да дојде до сериозна повреда или смрт на
пациентот/или работникот.
• Бидете претпазливи при отстранувањето на воздухот од
шприцот или од спојките на цевчињата. Доколку се
користат алати при отстранувањето на воздухот, може
да дојде до оштетување на компонентите.
• Добро прицврстете го системот од цевчиња и спојки под
висок притисок за врвот на шприцот.
• Избегнувајте конктакт со или оштетување на врвот на
шприцот, цевчињата и спојките кога ја менувате
положбата на инјекторот.
• За уреди со ознака за еднократна употреба, имајте
предвид: Овој производ е наменет само за еднократна
употреба. Не треба повторно да се стерилизира,
повторно да се обработува или повторно да се
употребува. Потрошните уреди се неменети и одобрени
само за еднократна употреба. Повторната употреба на
потрошните уреди за еднократна употреба може да
доведе до неисправност на уредите и ризик за
пациентот. Потенцијалната неисправност на уредот
вклучува значително расипување на компонентите
поради продолжената употреба, дефект на
компонентите и неисправност на системот.
Потенцијалните ризици за пациентот вклучуваат
повреда поради неисправност на уредот или инфекција,
бидејќи уредот не е одобрен за чистење или повторно
стерилизирање.
• Да не се надминуваат 1200 psi (8273 kPa).
• Немојте да ги користите цевчињата за да ја менувате
положбата инјекторот.
Опасност од биолошка контаминација. Може да дојде
до сериозна повреда или смрт на пациентот/или
работникот.
• Правилно отстранете го материјалот за еднократна
употреба по употреба или доколку дошло до
контаминација за време на поставувањето или
употребата.
ВНИМАНИЕ
Опасност од контаминација на животната средина.
Може да дојде до сериозна повреда или смрт на
пациентот/или работникот.
• Немојте да го користите ако стерилното пакување е
отворено или оштетено. Може да дојде до повреда на
пациентот или операторот ако пакувањето е отворено
или оштетено или ако користите оштетени компоненти.
Визуелно проверете ги содржината и пакувањата пред
секоја употреба.
• Држете се за принципите за стерилни техники,
конкретно, погрижете се за стерилноста на врвот на
шприцот и системот од цевчиња и спојки под висок
притисок.
41
ПОСТАВУВАЊЕ, ПОЛНЕЊЕ И ЧИСТЕЊЕ НА СИСТЕМОТ
ОД ЦЕВЧИЊА И СПОЈКИ ПОД ВИСОК ПРИТИСОК
1. Отстранете го капачето од врвот на шприцот.
2. Вметнете го Twist & Go системот од цевчиња и спојки под
висок притисок на врвот на Twist &
Go шприцот.
3. Свртете ја Twist & Go (A) навртката во
правец на стрелките на часовникот за
добро да го прицврстите системот од
цевчиња и спојки под висок притисок
за врвот на шприцот (Б).
4. Отстранете го воздухот од системот
од цевчиња и спојки под висок
притисок. Користете го инјекторот за
да ги истиснете контрастното
средство и растворите сè додека не се
отстрани целиот воздух од системот
од цевчиња и спојки под висок
притисок. За да се олесни
отстранувањето на воздухот, можеби
ќе треба нежно да ги потапкате
спојките.
A
Б

Advertisement

loading

This manual is also suitable for:

Medrad vistronCtp-200-fls