Download Print this page

Bayer HealthCare MEDRAD CT 300 Series Instructions For Use Manual page 208

Advertisement

Македонски
Вовед: Прочитајте ги информациите содржани во оваа брошура.
Со разбирање на информациите ќе можете правилно да го користите
Стерилниот рачен управувач MEDRAD Avanta.
Важна безбедносна напомена: Стерилниот рачен управувач
MEDRAD Avanta е наменет за употреба од страна на медицински
лица со соодветна обука и искуство во ракувањето со системот
за инјектирање течности MEDRAD Avanta и во примената на
ангиографски процедури и техники.
Упатство за употреба: Стерилниот рачен управувач MEDRAD Avanta
е посебно наменет да се користи во рендгенската ангиографија заедно
со системот за инјектирање течности MEDRAD Avanta.
Контраиндикации: Стерилниот рачен управувач MEDRAD Avanta
е наменет да се користи исклучиво со системот за инјектирање
течности MEDRAD Avanta.
Ограничена продажба: Само со рецепт.
Работна температура: +15°C до +30°C
Работна влажност: 20% до 75%
Пријавете сериозни несакани настани во врска со овој уред кај Bayer
(radiology.bayer.com/contact) или надлежното локално европско тело
(или, доколку е применливо, соодветниот регулаторен орган во земјата
каде што се појавил проблемот).
Информации за усогласеност со REACH можат да се најдат на
www.REACH.bayer.com
Предупредувања
Воздушната емболизација може да предизвика смрт или
сериозна повреда на пациентот. Не поврзувајте пациент
на инјекторот и не се обидувајте да инјектирате сè додека не
биде отстранет целиот воздух што останал во шприцот и во
патеката на течноста. Внимателно прочитајте ги упатствата
за употреба на индикаторите FluiDots (каде што е применливо)
за да ја намалите можноста од воздушна емболија.
Може да дојде до биолошка контаминација поради
повторно користење на предмети за еднократна употреба
или поради непочитување на техниката за стерилна
употреба. По употребата, соодветно фрлете ги сите делови
за еднократна употреба. Ако постои можност да настанала
контаминација за време на инсталирањето или употребата
на некој производ, расклопете го и инсталираје нов стерилен
производ.
ЗАБЕЛЕШКА: Ако стерилниот рачен управуач MEDRAD Avanta се
користи без стерилната футрола на рачниот управувач MEDRAD
Avanta, фрлете го рачниот управувач по секоја употреба врз
некој пациент.
Немојте да користите ако стерилното пакување е
отворено или оштетено. Може да дојде до повреда на
пациентот или операторот ако пакувањето е отворено или
оштетено или ако користите оштетени компоненти. Визуелно
проверете ги содржината и пакувањето пред секоја употреба.
Може да дојде до повреда на пациентот или на
операторот поради истекување на контрастното средство
или поради пукнатини на шприцот или на приклучната
цевка. Ако се примени поголем притисок или ако се блокира
патеката на течноста може да дојде до протекувања или
пукнатини на шприцот или на приклучната цевка. Погрижете
се патеката на течноста да биде потполно слободна; не го
надминувајте соодветниот притисок.
Внимание
Може да дојде до оштетување на компонентата ако не
се инсталира правилно. Погрижете се сите спојки да бидат
безбедни, не затегнувајте ги прекумерно. Ова ќе помогне да се
минимизира протекувањето, откачувањето и оштетувањето на
компонентите.
ЗАБЕЛЕШКА: За натамошни информации погледнете во
прирачникот за употреба на стерилната футрола IFU на рачниот
управувач MEDRAD Avanta.
Инсталирање на Рачниот управувач
Стерилниот рачен управувач MEDRAD Avanta може да се користи за
најмногу пет пациенти. Стерилноста меѓу употребите врз пациентите
може да се одржи со употреба на футроли за стерилните рачни
управувачи MEDRAD Avanta (може да се нaбават).
1. Проверете дали инјекторот е во неактивирана состојба.
2. Отворете го пакетчето со рачниот управувач применувајќи
стерилна техника.
3. Со примена на стерилна техника, извадете го рачниот управувач
од пакетчето.
4. Приклучете го рачниот управувач во Модулот за контролирање
на течноста – Конекторот на рачниот управувач (видете
ја илустрацијата подолу). Ако е исправно прицврстен, ќе
слушнете „клик".
ЗАБЕЛЕШКА: Ако Рачниот управувач е оштетен или не работи
исправно, немојте да го користите и фрлете го.
Модул за контролирање
на течноста
MEDRAD Avanta
Стерилен рачен управувач
Конектор
на рачниот
управувач
41
5. За употреба на рачниот управувач следете ги упатствата дадени
во прирачникот за работа со системот за инјектирање течности
MEDRAD Avanta Fluid.

Advertisement

loading

This manual is also suitable for:

Medrad vistronCtp-200-fls