4. Турнете ги шините-водилки кон чеповите на
долниот дел од автоматската спојница.
Искосете ја внатрешноста на шините-водилки
за да ја олесните инсталацијата. Шините-
водилки мора да бидат добро прицврстени на
чеповите. Препорачуваме за шини-водилки да
се користат цевки со средна големина од 3/4".
5. Приспособете ја должината на шините-
водилки за точно да одговараат на конзолата
на горниот дел.
6. Отшрафете ја привремено прицврстената
конзола со шини-водилки, поставете ја врз
шините-водилки и најпосле цврсто затегнете
ја кон ѕидот на јамата.
Шините-водилки не смее да имаат
никакво аксијално растојание, бидејќи
тоа би предизвикало бучава при
работењето на пумпата.
7. Исчистете ги остатоците од јамата пред да ја
спуштите пумпата во јамата.
8. Поставете ја половината на автоматската
спојница на одводот на пумпата. Потоа
лизнете ја прачката-водилка на оваа половина
на спојница помеѓу шините-водилки и
спуштете ја пумпата во јамата со помош на
синџир. Штом пумпата ќе ја достигне основата
на автоматската спојница, пумпата цврсто ќе
се поврзе автоматски.
9. Обесете го крајот на синџирот на соодветна
кука на горниот дел од јамата.
10. Приспособете ја должината на кабелот на
моторот намотувајќи го на приклучок на
потпора, така што кабелот нема да се оштети
при работењето. Прицврстете го приклучокот
на потпора на соодветна конзола на горниот
дел од јамата. Погрижете се каблите да не
бидат остро превиткани или приклештени.
Крајот на кабелот не смее да биде
потопен, бидејќи во моторот може да
навлезе вода преку кабелот.
3.2.6 Автономна инсталација
Видете ја сл. C во Appendix.
За автономна инсталација на пумпите, поставете
колено од 90 ° на одводот. Пумпата може да се
инсталира со црево или крута цевка и вентили.
За да се олесни сервисирањето на пумпата,
поставете флексибилен холендер или спојница со
испусниот вентил за лесно раздвојување.
Ако се користи црево, внимавајте да не се
извитка цревото и внатрешниот дијаметар на
цревото да се совпаѓа со дијаметарот на одводот.
Ако се користи крута цевка, холендерот или
спојницата, неповратниот вентил и изолацискиот
вентил мора да бидат поставени според
споменатиот редослед, како што се гледа од
страната на пумпата.
Спуштете ја пумпата во течноста.
Ако пумпата е инсталирана во калливи услови
или на нерамен терен, препорачуваме да ја
потпрете пумпата на цигли.
3.2.7 Приспособување на должината на
кабелот на пловниот приклучок
За пумпи што се испорачуваат со пловен
приклучок, разликата помеѓу нивоата за
вклучување и исклучување може да се
приспособи со менување на должината на
слободниот кабел помеѓу пловниот приклучок и
рачката на пумпата.
•
Зголемена должина на слободниот кабел
може да резултира со помалку вклучувања и
исклучувања и поголема разлика во нивото.
•
Намалена должина на слободниот кабел
резултира со почести вклучувања и
исклучувања и помала разлика во нивото.
Нивото за исклучување мора да биде над доводот
на пумпата за да се спречи влегување воздух во
пумпата.
L
Слика 4 Нивоа на вклучување и исклучување
Нивоата на вклучување и исклучување се
разликуваат во зависност од должината на
кабелот.
Нивоа на вклучување и исклучување
наUnilift AP B [mm]
Должина на кабелот
(L)
мин. 100 mm
Вклучува
Исклучув
ње
ање
500
300
Работење со прекини
При работење со прекини, моторот мора секогаш
да биде полупотопен во испумпаната течност.
Пумпата може да работи максимум 5 минути во
рок од 30 минути без да биде моторот потопен во
течноста.
Постојано работење
При непрекинато работење, моторо и доводниот
филтер на пумпата мора секогаш да бидат
покриени со испумпаната течност.
Вклучување
Исклучување
Должина на кабелот
(L)
макс. 300 mm
Вклучува
Исклучув
ње
ање
550
150
297
Need help?
Do you have a question about the Unilift AP35B and is the answer not in the manual?