Складирање - Makita PM7651H Original Instruction Manual

Hide thumbs Also See for PM7651H:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Чистење на деловите
Секогаш чувајте го моторот чист.
Одржувајте ги перките на цилиндарот без прашина или нечистотија. Правот
или нечистотиите залепени на перките ќе предизвикаат блокирање.
Воздухот што дува се зема од мрежата за довод на воздух (1). Кога ќе опадне
протокот на воздух за време на работата, исклучете го моторот и проверете
дали мрежата за довод на воздух е блокирана.
Имајте во предвид дека доколку не ги отстраните таквите пречки може да се
случи моторот да прегрее и да се оштети.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Никогаш не употребувајте ја прскалката без мрежа. Пред секоја употреба,
проверете дали мрежата е поставена на место и дали е оштетена.
Сите активности за одржување или приспособување што не се вклучени и опишани во ова упатство, мора да се изведуваат само во
овластени сервисни центри.
СКЛАДИРАЊЕ
Испуштање на гориво
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Кога го испуштате горивото, проверете дали сте го исклучиле моторот и дали моторот се изладил.
Веднаш по запирањето на моторот, тој сеуште може да е жежок и да предизвика изгореници, палење и пожар.
ВНИМАНИЕ:
Кога машината се чува без да се работи со неа подолг временски период, испуштете го сето гориво од резервоарот за гориво и од
карбураторот и чувајте ја на суво и чисто место.
Испуштете го горивото од резервоарот за гориво и од карбураторот во согласност
со следнава процедура:
1) Извадете го капачето на резервоарот за гориво и испуштете го сето
гориво.
Ако во резервоарот за гориво има надворешни предмети, целосно
отстранете ги.
2) Извлечете го филтерот за гориво од отворот за полнење со помош на
жица.
3) Притискајте ја пумпата за полнење додека горивото не се испушти од неа
и испуштете го горивото што доаѓа во резервоарот за гориво.
4) Вратете го филтерот во резервоарот за гориво и цврсто стегнете го
капачето на резервоарот за гориво.
5) Потоа, продолжете да работите со моторот додека не запре.
6) Извадете ја свеќичката и капнете неколку капки од моторното масло низ
отворот на свеќичката.
7) Полека повлечете ја рачката за стартување за да може моторното масло
да се распредели низ моторот и поставете ја свеќичката.
8) Во текот на складирањето, чувајте ја машината исправена.
9) Чувајте го испуштеното гориво во специјален сад на добро проветрено и
ладно место.
Празнење на резервоарот за раствор
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Кога го испуштате резервоарот за раствор, проверете дали сте го исклучиле моторот и дали моторот се изладил.
Веднаш по запирањето на моторот, тој сеуште може да е жежок и да предизвика изгореници, палење и пожар.
Пред да ја складирате прскалката, испуштете го резервоарот за раствор така што ќе го погледнете делот именуван „Празнење и чистење
на резервоарот за раствор".
Чистење на филтерот на врвот на резервоарот за раствор
Кога ја складирате прскалката, секогаш чистете го филтерот на врвот на резервоарот за раствор.
За да го исчистите филтерот, погледнете го делот именуван „Празнење и чистење на резервоарот за раствор".
Чистење на филтерот на спојката на цревото
Кога ја складирате прскалката, секогаш чистете го филтерот на спојката на цревото.
За да го исчистите филтерот, погледнете го делот именуван „Празнење и чистење на резервоарот за раствор".
ВНИМАНИЕ:
Кога ја складирате прскалката, проверете дали е исклучен моторот.
161
(1)

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents