Makita PM7651H Original Instruction Manual page 149

Hide thumbs Also See for PM7651H:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
2. Снабдување со гориво
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Кога се снабдувате со гориво, потрудете се да ги почитувате следните упатства за да спречите палење или пожар:
Полнењето гориво мора да се изведува на место каде што нема оган. Никогаш не палете оган (пушење и сл.) блиску до местото каде
што полните гориво.
Исклучете го моторот и оставете го да се излади пред полнењето гориво.
Полнете гориво на рамна површина. Не полнете гориво на нестабилни или слабо проветрени места.
Полнете при добра осветленост и видливост.
Полнете на отворено чисто место.
Полека отворете го капачето на резервоарот за гориво кое е полно со гориво. Горивото може да истече поради внатрешниот притисок.
Внимавајте да не го истурите горивото. Истуреното гориво мора веднаш да се исчисти.
Не полнете повеќе отколку што е потребно.
Вршете го полнењето на гориво на добро проветрено место.
Внимателно ракувајте со горивото.
Горивото кое ви се залепило на кожата или ви влегло во очите може да предизвика алергии или иритации. Доколку забележите каква
било невообичаена физичка состојба, веднаш консултирајте се со лекар.
Период на складирање гориво
Горивото треба да се искористи во рок од 4 седмици, дури и ако се чувало во специјален сад во добро проветрена, ладна просторија.
Доколку не се користи специјален сад или ако садот не е покриен, горивото може да се расипе за еден ден.
Складирање на машината и резервоарот за полнење
Чувајте ги машината и резервоарот на ладно место каде не допира директна сончева светлина.
Никогаш не го чувајте горивото во кабина или гепек.
Гориво
Моторот е 4-тактен. Осигурете се дека употребувате бензин за автомобили (обичен бензин или супер бензин).
Совети за гориво
Никогаш не користете мешавина на бензин што содржи моторно масло. Во спротивно, тоа ќе предизвика прекумерно насобирање
јаглен или механички проблеми.
Користењето гориво со намален квалитет ќе предизвика неисправно стартување.
Кога полните гориво, проверете дали сте го исклучиле моторот и дали моторот се изладил.
Начин на полнење гориво
Малку олабавете го капачето на резервоарот за да нема разлика во атмосферскиот притисок.
Извадете го капачето на резервоарот и наполнете гориво празнејќи го воздухот со навалување на резервоарот за гориво така што
отворот за полнење да биде свртен нагоре. (Никогаш не полнете гориво во отворот за полнење масло.)
По полнењето, цврсто стегнете го капачето на резервоарот.
Ако има недостатоци или оштетувања на капачето на резервоарот, заменете го.
Капачето на резервоарот ќе се истроши. Заменувајте го капачето на резервоарот на секои две до три години.
149

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents