Makita PM7651H Original Instruction Manual page 159

Hide thumbs Also See for PM7651H:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Совети за замена на моторното масло
Никогаш не фрлајте го заменетото моторно масло во отпад, на земја или во канализација. Фрлањето на маслото во отпад е регулирано
со закон. При фрлањето во отпад, секогаш следете ги релевантните закони и прописи. За секое прашање што останува непознато,
обратете се кај овластен сервисен агент.
Квалитетот на маслото ќе опадне дури и ако се чува неупотребено. Извршувајте проверка и замена на редовни временски интервали
(заменувајте го маслото со ново на секои 6 месеци).
Чистење на прочистувачот на воздух
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: СТРОГО Е ЗАБРАНЕТО КОРИСТЕЊЕ НА ЗАПАЛИВИ
МАТЕРИЈАЛИ
Временски интервал за чистење и проверка: Секојдневно (секои 10 работни часа)
1. Олабавете ја завртката на копчето (1).
2. Извадете го капакот на прочистувачот на воздух (2).
3. Извадете го елементот (3) и исчистете го од нечистотија со четка.
ЗАБЕЛЕШКА:
Елементот е од сув вид и не смее да се навлажнува. Никогаш не мијте го со
вода.
4. Заменете го елементот со нов ако е оштетен или многу нечист.
5. Избришете го маслото кое дошло во контакт со филтерот со крпа или
ткаенина.
6. Монтирајте го елементот во куќиштето на прочистувачот (4).
7. Прикачете го капакот на прочистувачот на воздух и затегнете ја завртката на
копчето.
ОПАСНОСТ:
Чистете го елементот неколку пати дневно, доколку има наслаги на прашина на истиот.
Ако продолжите да работите со елементот неисчистен од масло, маслото во прочистувачот на воздух може да истече надвор и да
доведе до загадување со масло.
Проверка на свеќичката
ВНИМАНИЕ:
Кога ја вадите свеќичката, прво исчистете ги свеќичката и главата на цилиндарот, за да не навлезе нечистотија, песок и слично во
цилиндарот.
Извадете ја свеќичката откако моторот ќе се излади за да избегнете оштетување на отворот со навој во цилиндарот.
Свеќичката мора да се монтира правилно во отворот со навои. Доколку е монтирана под агол, отворот со навој во цилиндарот ќе се
оштети.
1. Отворање/затворање на капачето на свеќичката
За да го отворите капачето на свеќичката, повлечете на работ на
проширувањето на капакот на свеќичката и лизгајте во насока на ознаката
„ОТВОРЕНО" како што е покажано на сликата десно.
Кога го затворате капачето, лизгајте го капачето во насока „ЗАТВОРЕНО"
додека не се слушне кликнување под проширувањето на капачето на
свеќичката при преклопувањето со капакот на моторот. Најпосле, притиснете
на проширувањето.
2. Вадење на свеќичка
Користете го приложениот комбиниран клуч за вадење или монтирање на
свеќичката.
3. Проверка на свеќичка
Растојанието помеѓу двете електроди на свеќичката (видете ја сликата) е
0,7 до 0,8 мм. Приспособете до точното растојание кога е прешироко или
претесно.
Целосно исчистете ја или заменете ја свеќичката ако е изгорена или на неа
има наслаги од нечистотија.
4. Замена на свеќичка
За замена, користете NGK-CMR6A.
159
(4)
(3)
(2)
(1)
0,7 – 0,8 мм

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents