Makita PM7651H Original Instruction Manual page 142

Hide thumbs Also See for PM7651H:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Исклучете го моторот кога правите пауза и кога прскалката ја оставате без
надзор. Оставете ја на безбедно место за да спречите опасност кон други
лица, предизвикување пожар од запаливи материјали или оштетување на
апаратот (8).
Никогаш не оставајте ја загреаната прскалка врз сува трева или над какви
било запаливи материјали.
Не ја ставајте прскалката на земја кога работи со голема брзина, бидејќи
мали предмети како песок, трева, прав и сл. може да бидат вовлечени во
доводот за воздух и да го оштетат пропелерот на вентилаторот.
Во текот на паузите при работењето, не ја оставајте прскалката на директна
изложеност на сонце или во близина на извор на топлина.
Сите заштитни делови и штитници испорачани со машината мора да се
користат во текот на работата.
Никогаш не стартувајте го моторот со неисправен пригушувач за издувникот.
Не ставајте ја раката во издувниот отвор. Издувникот станува многу жежок во
текот на работењето и може да предизвика изгореници.
Не допирајте го капакот на моторот долго време. Тој може да стане жежок во
текот на работењето и може да предизвика изгореници.
Исклучете го моторот за време на транспортот (8).
При транспорт со автомобил или камион, прскалката поставете ја на сигурно
место за да избегнете истекување на горивото.
При транспорт на прскалката, осигурете се дека резервоарот за гориво и
контејнерот за течност/хемикалија се потполно празни.
Полнење гориво
Исклучете го моторот (8) за време на полнењето гориво, држете се настрана
од отворен оган (9) и не пушете.
Избегнувајте вашата кожа да дојде во допир со производи од бензин. Не
вдишувајте пареа од горивото.
Секогаш носете заштитни ракавици за време на полнењето гориво. Менувајте
ја и перете ја заштитната облека на редовни временски интервали.
Внимавајте да не истурите гориво или масло за да не дојде до загадување
на почвата (заштита на животната средина). Исчистете ја прскалката веднаш
откако дошло до излевање на гориво. Дозволете влажните крпи да се исушат
пред да ги фрлите во соодветно затворен сад со капак за да избегнете нивно
спонтано палење.
Избегнувајте горивото да дојде во каков било допир со вашата облека.
Веднаш заменете ја вашата облека доколку гориво се истурило на истата
(опасност од пожар).
Проверувајте го капачето на резервоарот за гориво на редовни временски
интервали за да се осигурате дека е цврсто затегнато.
Внимателно стегнете ја завртката за затворање на резервоарот за гориво.
Преместете се пред да го стартувате моторот (барем 3 метри подалеку од
местото на полнење гориво) (10).
Никогаш не полнете гориво во затворени простории. Доаѓа до насобирање на
испарувањата од горивото (ризик од експлозии).
Транспортирајте го и чувајте го горивото само во одобрени садови. Осигурете
се дека горивото се чува на места недостапни за деца.
Не обидувајте се да полните гориво кога моторот е жежок или во погон.
Начин на работа
Употребувајте ја прскалката само при добра осветленост и видливост. За
време на студените годишни времиња, внимавајте на лизгави или влажни
подлоги, мраз и снег (ризик од лизнување).
Секогаш обезбедете сигурна потпора за нозете (11).
Никогаш не работете на нестабилни површини или стрмни терени (11).
Доколку не сте запознаени со ризиците поврзани со соодветната хемикалија
што ја употребувате, погледнете ја етикетата на производот и/или
безбедносниот лист за таа супстанција и/или консултирајте се со продавачот/
производителот на материјалот.
Исто така може да го прашате вашиот работодавач, владините агенции и
други извори на информации за опасни материјали.
Некои други власти имаат објавено листи на супстанции за кои се знае дека
предизвикуваат рак, репродуктивна токсичност итн.(11).
(8)
(9)
(10)
(11)
142
3 m (10 ft)
3 м

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents