Makita PM7651H Original Instruction Manual page 160

Hide thumbs Also See for PM7651H:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Чистење го филтерот за гориво
Затнатиот филтер за гориво може да предизвика отежнато стартување или
неможност за зголемување на брзината на моторот.
Редовно проверувајте го филтерот за гориво на следниов начин:
1. Отстранете го капачето на резервоарот за гориво (1), испуштете го горивото
за да го испразните резервоарот. Проверете дали во внатрешноста на
резервоарот има какви било надворешни предмети. Доколку има, отстранете
ги.
2. Извлечете го надвор филтерот за гориво (2) со помош на жица низ отворот за
полнење гориво.
3. Ако површината на филтерот за гориво е извалкана, исчистете ја со бензин.
Бензинот што се користи за чистење мора да се фрли во согласност со
прописите на локалните власти.
Ако филтерот е многу извалкан, мора да се замени.
4. Вратете го филтерот за гориво во резервоарот за гориво и цврсто затегнете го
капачето на резервоарот.
ЗАБЕЛЕШКА:
Кога го враќате филтерот за гориво во резервоарот, вратете го на соодветното
место како што е покажано на сликата.
За замена, контактирајте го вашиот овластен сервисен центар.
Чистење на елементот за чистење на заедничката цевка
1. Извадете ги стегата (1) и цревото (2).
2. Извлечете го елементот (3) и исчистете го од нечистотија со четка.
Ако е тешко да го извлечете елементот, употребете тенко стапче за да го
извадите.
3. Заменете го елементот со нов ако е оштетен или многу нечист.
4. Притиснете го елементот во заедничката цевка (4) се додека задниот дел на
елементот не навлезе до крајот на истата.
5. Монтирајте го цревото и прицврстете го со стега.
Замена на цревото за раствор
Често проверувајте го цревото за раствор (1). Оштетеното црево може да
доведе до истекување на хемискиот раствор. Доколку е неопходно заменете
го цревото како што следи.
1. Извадете ја млазницата (2) од цевката (3).
2. Олабавете ја стегата, а потоа заменете го старото црево со ново.
Проверка на завртки и навртки
Стегнете ги лабавите завртки, навртки и сл.
Проверете дали има протекување на гориво или масло.
Заменете ги оштетените делови со нови за безбедна работа.
Замена на дихтунзи и заптивки
При повторното склопување откако моторот е расклопен, задолжително
заменете ги дихтунзите и заптивките со нови.
160
(2)
(3)
(4)
(1)
(3)
(2)
(1)
(2)
(1)
(2)

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents