Makita PM7651H Original Instruction Manual page 141

Hide thumbs Also See for PM7651H:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Стартување на прскалката
Ве молиме осигурете се да нема деца или други луѓе во работниот опсег од
20 метри (6), и обрнете внимание на животните во близина на работното
место.
Никогаш не ја употребувајте прскалката во урбани области.
Пред да започнете со работа секогаш проверувајте дали прскалката е
безбедна за работа:
Проверете ја исправноста на прекинувачот за гас. Треба да се провери дали
прекинувачот за гас лесно и непречено се движи. Проверете дали соодветно
функционира бравата на прекинувачот за гас.
Проверете дали рачките се чисти и суви, и тестирајте го функционирањето
на прекинувачот l-O. Рачките не смее да бидат замастени со масло и гориво.
За да се намали ризикот од протекување и контактот на хемикалиите со
кожата, проверете дали капачето на контејнерот и сите приклучоци во
насоката на прскање се стегнати и осигурете се дека цревото е цврсто
закачено и во добра состојба. Чувајте ја затворена рачката за испуштање
раствор.
Проверете дали рачката за испуштање раствор е затворена пред да го
стартувате апаратот.
Проверете
дали
капачето
свеќичката – лабаво капаче на свеќичка може да предизвика искрење што
може да доведе до запаливи испарувања и до пожар.
Проверете ја состојбата на заштитниот ремен и заменете ги оштетените или
изабени ремени.
Прилагодете ја прерамката за рамо да одговара на вашата големина пред да
започнете со работа.
Во итен случај, можете да ја извадите прерамката за рамо и брзо да го
отфрлите апаратот. Вежбајте лизгање на заштитниот појас повеќе пати пред
употребата на апаратот за да се навикнете на тоа. Не го отфрлајте апаратот
додека вежбате бидејќи тоа може да го оштети.
Кога ќе ја повлечете рачката за стартување, не го замотувајте јажето за
стартување околу вашата рака. Не дозволувајте рачката за стартување да
се врати сама, туку насочувајте го јажето за стартување соодветно да се
премота.
Доколку не ја следите оваа постапка може да дојде до повреда на дланките
или прстите и може да се оштети механизмот за стартување.
Може да е потребна помош од друго лице за ставање на прскалката на
вашиот грб по стартувањето. Со цел да се намали ризикот од повреда на
помошникот од фрлени предмети, хемиска течност/спреј или од контакт со
жешките издувни гасови, одржувајте го моторот во празен од во текот на овој
краток период и не дозволувајте вашиот помошник да застане во областа на
излезната млазница или издувниот отвор. Во спротивно, прскалката треба да
се стартува и со истата да се работи без помош.
Стартувајте ја прскалката само во согласност со упатствата.
Не користете никаков друг начин за стартување на моторот (7)!
Употребувајте ја прскалката и приложените додатоци само за посочените
примени.
Стартувајте го моторот на прскалката само по склопувањето на целиот
апарат. Работата на апаратот е дозволена само откако ќе се прикачат сите
соодветни додадоци.
Во случај на проблеми со моторот, тој мора веднаш да се исклучи.
Употребувајте ја прскалката за еднорачно работење со десната рака на
контролната рачка. Носете ја како ранец со прерамките за рамо на двете
раменици.
За да се намали ризикот од губење на контрола, никогаш не носете ја
прскалката со ремен(ите) преку едно рамо.
Кога работите со прскалката, секогаш цврсто стегнете ги прстите околу
рачката, држејќи ја контролната рачка налегната помеѓу вашиот палец и
показалец. Чувајте ја раката во оваа положба секогаш да го имате апаратот
под контрола. Осигурете се дека вашата контролна рачка е во добра состојба,
сува, без масло или маст.
Секогаш обезбедувајте сигурна, добро балансирана потпора за стапалата.
Со цел да го чувате резервоарот со раствор исправен и да го намалите ризикот
од истурање, не се наведнувајте. Наведнувајте се единствено во колената и
придржувајте се како што е потребно за да одржувате добра рамнотежа.
Запаметете дека прскалката исполнета со течност има значителна тежина.
Бидете особено внимателни кога се наведнувате, наклонувате или чекорите.
Работете со прскалката на таков начин за да избегнете вдишување на
издувните гасови. Никогаш не стартувајте го моторот во затворени простории
(ризик од задушување и труење со гас). Јаглерод моноксид е гас без мирис.
Секогаш осигурете се дека има соодветна вентилација.
Вашата прскалка не е заштитена од струен удар. За да го намалите ризикот
од електрично празнење, никогаш не работете со прскалката во близина на
какви било жици или кабли (напојување и сл.) кои може да спроведуваат
електрична енергија. Не прскајте на или блиску до електрични инсталации.
на
свеќичката
е
цврсто
поставено
на
141
20 m (66 ft)
20 м
(6)
(7)

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents