Makita PM7651H Original Instruction Manual page 140

Hide thumbs Also See for PM7651H:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Подготвување хемикалии
Подгответе ги хемиските раствори според упатствата на производителот на
хемикалијата.
Подгответе раствор во количество доволно само за тековната работа за да
нема остаток од истиот.
Мешајте ги хемикалиите само со следење на упатствата – погрешните
мешавини може да предизвикаат токсични испарувања или експлозивни
соединенија.
Никогаш не прскајте нерастворени хемикалии.
Подгответе раствор и полнете го контејнерот само надвор на добро
проветрено место.
Корисникот треба да го знае името на хемикалијата која ја употребува во
моментот.
Складирање
Не го складирајте растворот за прскање во контејнер повеќе од еден ден.
Секогаш складирајте го и транспортирајте го растворот за прскање само во
одобрени контејнери.
Никогаш не го складирајте ниту транспортирајте растворот за прскање во
контејнери наменети за храна, пијалоци или сточна храна.
Не складирајте го ниту транспортирајте го растворот за прскање со храна,
пијалоци или сточна храна.
Чувајте го растворот за прскање надвор од дофат на деца, други неовластени
лица и животни.
Складирајте го растворот за прскање на заклучено место обезбеден од
неовластена употреба.
Фрлање во отпад
Никогаш не фрлајте ги во отпад остатоците од хемикалиите или контаминираните
раствори за плакнење во водни токови, одводи, канализации, улични шахти,
сливници или слично.
При фрлање на контаминирано средство за плакнење, следете ги сите
применливи закони, правила и прописи.
Строго следете ги упатствата за претпазливост на производителот на хемикалии.
Полнење на контејнерот
Затегнете ги сите приклучоци и проверете дали цевките како и цревото се
сигурно прицврстени и во добра состојба. Чувајте ја затворена рачката за
испуштање на растворот.
Пред употребата на прскалката со хемикалии, наполнете ја со чиста вода
за да се осигурате дека соодветно сте ја склопиле и да пробате да прскате.
Исто така, тогаш проверете дали има некакви истекувања. Кога целосно сте
запознаени со работењето на прскалката, следете ги вообичаените постапки
на работа.
Полнете ја прскалката во добро проветрени области, надвор.
Не употребувајте:
запаливи материи во прскалката, кои може да предизвикаат експлозија која
може да доведе до сериозна или фатална повреда;
каустични или корозивни материјали во прскалката, кои може да доведат
до оштетување на апаратот;
течности со температура над 50°C за да се намали ризикот од попарување
и оштетување на апаратот.
За да го наполните резервоарот за раствор, поставете ја прскалката на рамна
површина, полнете го растворот само при добра осветленост и видливост.
За да го намалите ризикот од загадување на околината, внимавајте да не го
преполните резервоарот за раствор со хемиски раствор.
За да го намалите ризикот од повреда, не ја полнете прскалката додека ја
носите на вашиот грб.
Доколку го полните резервоарот за раствор со црево прикачено на централен
довод со вода, осигурете се дека крајот на цревото е надвор од растворот за
да го намалите ризикот од повлекување наназад, т.е. хемикалиите да бидат
повлечени во доводот на вода во случај на ненадеен вакуум.
Пресметајте го точното количество хемиски раствор потребно за едно прскање,
без да остане дополнителен раствор во резервоарот.
По полнењето, поставете го на своето место капачето на резервоарот за раствор
и цврсто затегнете го.
Проверете дали има истекување при повторно полнење и за време на
работата. Истекување од резервоарот за раствор или олабавен дел од
опремата може да ја натопи вашата облека и да дојде во допир со вашата
кожа.
140

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents