Makita PM7651H Original Instruction Manual page 139

Hide thumbs Also See for PM7651H:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Обрнете посебно внимание на следниве прописи
Облеката мора да биде точна и тесно да прилега, но не смее да го попречува
слободното движење. Избегнувајте да носите широки јакни, широки или
развеани панталони, шалови, развеана долга коса или се што може да биде
зафатено во доводот за воздух.
Носете долги панталони за да ги заштитите нозете.
Не носете кратки панталони. (5)
Бучавата на прскалката може да го оштети вашиот слух. Носете звучна
заштита (антифони или тампони за уши) за заштита на вашиот слух. Лицата
кои редовно и често го користат апаратот треба редовно да го проверуваат
својот слух. (4)
Секогаш користете гумени/на хемикалии отпорни ракавици кога работите со
прскалката. Добра потпора за стапалата е најважна. Носете гумени/хемиски
чизми. (5)
Правилна заштита на очите е од суштинска важност. Иако воздухот струи во
спротивна насока од корисникот, во текот на работата со прскалката може да
дојде до промена на насоката на издувниот воздух. (4)
Никогаш не работете со прскалката доколку не употребувате очила или
соодветно прицврстени заштитни очила со соодветна горна и странична
заштита која е во склад со ANSI Z 87.1 (или вашиот применлив национален
стандард).
РАКУВАЊЕ СО ХЕМИКАЛИИ
Некои хемикалии што се употребуваат со вашата прскалка може да содржат
токсични и/или каустични супстанции. Таквите хемикалии може да бидат
опасни и да предизвикаат сериозни или фатални повреди на луѓе и животни
и/или тешки оштетувања на растенијата и животната средина.
Избегнувајте директен контакт со хемикалии.
Следете ги упатствата на производителот на хемикалиите во врска со секаков
контакт со производот.
Секогаш прочитајте ја етикетата на производителот и упатството за работа
пред да ја мешате или употребувате хемикалијата и пред да ја складирате
или фрлите во отпад.
Немојте да се потпирате на вашето сеќавање.
Невнимателната или несоодветна употреба може да предизвика сериозна
или фатална повреда.
Внимателно прочитајте ги етикетите на контејнерите со хемикалии пред
употреба.
Хемикалиите се класифицирани според категории на токсичност.
Секоја категорија има единствени карактеристики за ракување.
Запознајте се со карактеристиките на категоријата на хемикалијата што ја
употребувате.
Хемикалиите може да се употребуваат само од лица обучени за ракување со
истите и за соодветни мерки на прва помош.
Хемикалиите може да бидат штетни за луѓе, животни и за животната средина
доколку неправилно се користат. Како дополнение, се советува да не се
употребуваат хемикалии што се каустични, корозивни или отровни во вашата
прскалка.
Мешајте само компатибилни пестициди. Погрешните мешавини може да
предизвикаат токсични испарувања.
Кога ракувате и прскате со хемикалии, осигурете се дека работите во
согласност со локалните, државните и федералните правила и упатства за
заштита на животната средина. Не прскајте кога е ветровито. За да помогнете
во заштитата на животната средина употребувајте само препорачана
доза – не ја надминувајте.
Обрнете посебно внимание при употреба во близина на сливови, водни
текови и сл.
Избегнувајте отворање на уста како при јадење, пиење или пушење
додека ракувате со хемикалии или додека прскате. Никогаш не дувајте низ
млазниците, цревата, цевките или било која компонента со уста. Секогаш
ракувајте со хемикалиите во добро проветрена област додека носите
соодветна заштитна облека и заштитна опрема.
Не ги складирајте или транспортирајте хемикалиите заедно со храна,
пијалоци или лекови и никогаш повторно не го употребувајте контејнерот за
хемикалии за друга цел.
Не пренесувајте течни хемикалии со други контејнери, особено со контејнери
за храна и/или пијалок.
Во случај на случаен контакт или проголтување на хемикалии или во случај
на контаминација на облеката, престанете со работа и веднаш погледнете ги
упатствата на производителот на хемикалијата.
Доколку се сомневате за тоа што да правите, без одложување обратете се до
центарот за контрола на отрови или лекар за совет.
Чувајте ја етикетата на производот подготвена за да ја прочитате или да им ја
покажете на лицата што ги консултирате.
Исчистете ги веднаш сите истурени хемикалии.
Фрлете во отпад секаков остаток следејќи ги државните, федералните или
вашите национални закони и прописи.
Чувајте ги хемикалиите надвор од дофат на деца, други неовластени лица и
животни.
Кога не ги употребувате, складирајте ги хемикалиите на безбедно и заклучено
место. Следете ги препораките на производителот за соодветно складирање.
(5)
139
(4)

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents