Важни Упатства За Безбедност - Makita PM7651H Original Instruction Manual

Hide thumbs Also See for PM7651H:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ВАЖНИ УПАТСТВА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Прочитајте ги сите предупредувања за безбедност и сите упатства.
Неследењето на предупредувањата и упатствата може да доведе до струен
удар, пожар и/или сериозна повреда.
Чувајте ги сите предупредувања и упатства за да ги
прочитате по потреба.
Општи упатства
За да обезбеди правилно и безбедно функционирање, корисникот мора да го
прочита, разбере и да го следи ова упатство за работа за да може целосно
да се запознае со начинот на ракување со прскалката (1). Недоволно
информираните корисници ризикуваат да се доведат себе си и другите во
опасност заради неправилно ракување.
Се препорачува прскалката да им се позајмува само на лица кои имаат
искуство со прскалки.
Секогаш давајте им го и упатството за работа.
Корисниците што го употребуваат апаратот за прв пат, треба да побараат од
продавачот основни упатства за да се запознаат со ракувањето со прскалката.
На деца и млади под 18-годишна возраст им е забрането ракувањето со оваа
прскалка. Лицата постари од 16 години, сепак може да го користат апаратот
за цели на обука само ако се под надзор на стручно лице за обука.
Користете ја прскалката со особена грижа и внимание.
Работете со прскалката само ако сте во добра физичка состојба.
Сите работи изведувајте ги смирено и внимателно. Корисникот мора да ја
прифати одговорноста за другите лица.
Никогаш не ја користете прскалката кога сте под дејство на алкохол или дрога
(2).
Не го користете апаратот кога сте уморни.
Чувајте ги овие упатства за да ги прочитате по потреба.
Намена на машината
Користете ја вистинската машина. Прскалката е наменета само за прскање
течни хемикалии и други течности за контрола на штетници и плевел во
овошните, цветните и зеленчуковите градини, на дрвја и грмушки и на други
растенија како што се кафето, тутунот и памукот. Исто така е корисна во
одржувањето на младите дрвца, на пример контролирање на поткорник и
други штетници и болести на растенијата.
Никогаш не ја употребувајте за друга цел.
Ако машината е опремена со соодветната цевка за работење со прскалката,
машината може да се користи за работење со прскалката.
Користете само производи за заштита на растенијата што се конкретно
одобрени за употреба со прскалката од нивниот производител и што ги
исполнуваат сите регулативи за безбедност, стандарди и прописи.
Побарајте информации од вашиот продавач за тоа како да работите со вашата
прскалка. Погледнете ги сите применливи локални регулативи за безбедност,
стандарди и прописи.
Сите лица што работат и сервисираат треба да бидат обучени и запознаени со
соодветните постапки за ракување со хемиските производи што се употребуваат,
како и со пружање на прва помош/итна нега и со прописите за фрлање во отпад
на течни хемикалии.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Вашата прскалка е само за професионална употреба. Не ја позајмувајте
или изнајмувајте прскалката без упатството за работа. Осигурете се дека
секој што ќе ја употребува ги разбира информациите што се содржат во ова
упатство за работа.
Опрема за лична заштита
За да се намали ризикот од повреди кога се употребуваат хемиски производи,
носете соодветна заштитна облека додека ја полните, употребувате и
чистите прскалката. Секогаш следете ги сите упатства на производителот
на хемикалијата во однос на соодветната заштита на очите, кожата и
респираторните органи. Тие може да се разликуваат од и да ги надминуваат
следниве мерки на претпазливост.
Кога се употребуваат токсични хемикалии, операторот и сите присутни
може да е потребно да носат соодветно прилагоден респиратор одобрен
за хемикалијата што се употребува. Погледнете ја етикетата на хемискиот
производ. Вдишувањето токсични хемикалии може да предизвика сериозна
или фатална повреда.
Облеката што се носи треба да биде функционална и соодветна, т.е. треба да се
прилепува на телото, но да не предизвикува нефлексибилност. Не носете накит,
облека или долга коса што може да биде вовлечена во доводот за воздух. (3)
За да избегнете повреди на главата, очите, рацете или стапалата, како и за
да го заштитите својот слух, за време на работењето со прскалката, мора да
се користи следнава заштитна опрема и заштитна облека.
138
(1)
(2)
(3)

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents