Makita PM7651H Original Instruction Manual page 143

Hide thumbs Also See for PM7651H:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
За да ги намалите ризиците од лична повреда, не насочувајте го воздушниот
млаз кон присутните, бидејќи високиот притисок на протокот на воздух може
да ги повреди очите и може да издува мали предмети со голема брзина (12).
Никогаш не прскајте во насока на луѓе, животни или имот што може да биде
повреден или оштетен од прскањето (12).
Никогаш не ставајте никаков надворешен предмет во отворот за доводот
на воздух на апаратот или во млазницата на прскалката. Тоа ќе го оштети
пропелерот на вентилаторот и може да предизвика сериозна повреда на
корисникот или присутните како резултат на предметите или скршените
делови кои ќе се разлетаат со голема брзина.
Водете сметка за насоката во која дува ветерот, т.е. не работете наспроти
ветерот.
За да го намалите ризикот од сопнување и губење на контрола, не движете се
наназад кога работите со апаратот.
Секогаш исклучувајте го моторот пред чистење или сервисирање на апаратот
или при заменување на деловите.
Одморете се за да спречите губење на контрола предизвикано од замор.
Препорачуваме да правите паузи за одмор од по 10 до 20 минути секој час.
Се препорачува користење на гребла и метли за да се растресе отпадот пред
дувањето.
Пред дувањето, малку навлажнете ги површините доколку се правливи или
користете прскалка за вода доколку е потребно.
Кога ќе започнете со дувањето, приспособете ја должината на млазницата
така за да може млазот на воздух да работи во близина на земјата.
По завршување на работата
Секогаш измијте се темелно со сапун и вода по прскањето или ракувањето
со хемикалии. Веднаш истуширајте се, а заштитната облека исперете ја
издвоено од другите нешта.
Следете секакви дополнителни препораки на производителот на хемикалијата.
Секогаш чистете го правот и нечистотијата од прскалката.
Испразнете го, исплакнете го и исчистете го резервоарот за раствор и склопете
го по секоја употреба. Тоа помага да се спречи растворот да кристализира,
што подоцна може да доведе до затнување и хемиско оштетување на
апаратот. Како дополнение, преостанатите хемикалии може да имаат
непосакувани ефекти при следното прскање со различен вид на хемикалија
(пр. преостанатиот хербицид може да ги оштети или уништи растенијата кои
се прскаат со пестицид).
Не чувајте ја прскалката со раствор за прскање во резервоарот за раствор.
Деца, случајни минувачи и домашни миленици да се чуваат подалеку од
областите што биле прскани.
По употребата на некои хемикалии, особено земјоделски пестициди, мора да
се постави известување на третираната област дека на сила е „Интервал на
ограничено влегување" (REI).
Погледнете ја етикетата на хемискиот производ и секакви применливи
владини прописи.
Упатства за одржување
Вршете чистење и одржување пред складирање.
Бидете внимателни кон животната средина. Работете со прскалката со најмала
можна бучава и загадување. Особено проверете го точното прилагодување
на карбураторот.
Чистете ја прскалката на редовни временски интервали и проверувајте дали
сите завртки и навртки се добро стегнати.
Никогаш не ја сервисирајте или чувајте прскалката во близина на отворен
оган, искри, итн. (13).
Секогаш чувајте ја прскалката во добро проветрена заклучена просторија со
празен резервоар за гориво и со празен резервоар за раствор.
Почитувајте ги и следете ги сите соодветни упатства за спречување на несреќи издадени од надлежните здруженија и
осигурителни компании.
Не правете никакви измени на прскалката бидејќи така ја доведувате во ризик вашата безбедност.
Изведувањето работи за одржување или поправка од страна на корисникот е ограничено на оние активности како што е опишано во ова
упатство. Сите преостанати работи треба да бидат изведени од страна на овластени сервисни агенти.
Користете само оригинални резервни делови и прибор испорачани од MAKITA.
Употребата на неодобрени додатоци и апарати значи зголемен ризик од незгоди и повреди. MAKITA нема да преземе никаква одговорност
за несреќи или штети кои настанале поради користење на неодобрени приклучоци или додатоци.
Прва помош
Во случај на незгода, секогаш имајте добро опремен прибор за прва помош
достапен во близина на местото каде што се изведуваат работите. Веднаш
заменете го секој дел изваден од приборот за прва помош.
Кога барате помош, ве молиме дајте ги следниве информации:
место на несреќата
што се случило
број на повредени лица
степен на повреди
вашето име
(12)
(13)
143

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents