Проверка И Одржување - Makita PM7651H Original Instruction Manual

Hide thumbs Also See for PM7651H:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Чистење на спојката на цревото
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Не вадете ја стегата, цревото или капачето кога рачката за испуштање
раствор е отворена.
Не олабавувајте го капачето кога рачката за испуштање раствор е отворена.
1. Олабавете го и извадете го капачето (1) што излегува со филтерот (2).
2. Исчистете ја прашината и честичките од филтерот.
3. Вратете го филтерот назад на неговото место. Проверете дали цврсто сте го
затегнале капачето.
ПРОВЕРКА И ОДРЖУВАЊЕ
ОПАСНОСТ:
Пред да вршите проверка и активности за одржување, исклучете го моторот и оставете го да се излади. Извадете ги свеќичката и
капачето на свеќичката исто така.
Доколку проверката или одржувањето се вршат веднаш по запирањето на моторот или ако капачето на свеќичката е оставено
прикачено, корисникот може да се изгори или да доживее несреќа поради невнимателно стартување.
По проверката и одржувањето, проверете дали сите делови се склопени. Потоа може да продолжите со работа.
Секогаш носете гумени/отпорни на хемикалии ракавици при проверка и одржување.
НАПОМЕНА:
Никогаш не употребувајте бензини, разредувач, алкохол или слично. Може да доведе до појава на обезбојување, деформација или
пукнатини.
Замена на моторно масло
Остареното моторно масло го скратува работниот век на деловите што се лизгаат и ротираат во голема мерка. Проверувајте ги периодите
и количината што ја заменувате.
ОПАСНОСТ:
Генерално, главната единица на моторот и моторното масло се жешки веднаш по исклучувањето на моторот. Кога го заменувате
маслото, проверете дали главната единица на моторот и моторното масло се доволно изладени. Во спротивно, може да се изгорите.
Како дополнение, веднаш по запирањето на моторот сето масло може да не се врати во куќиштето на коленестото вратило. Не
проверувајте го нивото на масло веднаш по запирањето на моторот.
Ако маслото е наполнето над границата, тоа може да се загади или може да се запали и да гори со бел чад.
Временски интервал на замена: На почетокот, секои 20 работни часа, а потоа на секои 50 работни часа.
Препорачано масло: Масло SAE10W-30 од класификација API, класа SF или повисока (моторно масло за 4-тактен автомобилски мотор)
Постапка на замена на масло
1. Ставете ја прскалката на рамна површина.
2. Ставете сад за употребеното масло под отворот за испуштање (1) да го собере
маслото додека истекува.
Садот треба да собира најмалку 220 мл за да може да го собере сето масло.
3. Олабавете ја завртката за цедење на масло (2) за да може маслото да се испушти.
Внимавајте маслото да не дојде во допир со резервоарот за гориво или со другите
делови.
ВНИМАНИЕ:
Внимавајте да не ја олабавите заптивката (алуминиумска шајбна) (3). Ставете ја
завртката за цедење масло (2) на место каде што нема да нафати нечистотија.
4. Извадете го капачето за масло (4). (Вадењето на капачето за масло (4) овозможува
маслото лесно да се испушти).
ВНИМАНИЕ:
Ставете го капачето за масло (4) на место каде што нема да нафати нечистотија.
5. Бидејќи нивото на масло што се испушта се намалува, навалете ја прскалката на едната страна за да може маслото целосно да се
испушти.
6. Откако маслото целосно ќе се испушти, добро прицврстете ја завртката за цедење на масло (2). Доколку завртката не е добро стегната,
маслото може да истече.
ВНИМАНИЕ:
Не заборавајте да ја ставите заптивката (алуминиумската шајбна) (3) назад кога повторно ќе го прикачувате чепот за цедење.
7. Додавање масло за време на постапка за замена на масло се изведува на истиот начин како што е објаснето во засебната постапка
за додавање масло, секогаш кога неговото ниво не е доволно. Секогаш додавајте масло полнејќи од отворот под капачето за масло.
(Назначено ниво на масло: Приближно 220 мл)
8. После полнењето масло, стегнете го капачето за масло (4) за да спречите истекување.
158
(1)
(2)
(3)
(2)
(1)
(4)

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents