Stiga SP 52 Operator's Manual page 354

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 25
6
MK
изгуби контролата врз пилата со ланец.
• Користете ја со исклучително внимание кога се сечат
грмушки и млади честаци. Меките материјали може да
се заглават во назабениот ланец и да се исфрлат во ваш
правец и / или да предизвикаат губење на рамнотежата.
• Транспортирајте ја пилата со ланец за предната
рачка кога е исклучена, држејќи ја подалеку од те-
лото. Кога се транспортира или се одложува, пилата
треба секогаш да се става со заштита за лостот за во-
дење. Правилно ракување со пилата со ланец ја намалува
можноста за случаен контакт со назабениот ланец во
движење.
• Придржувајте се до соодветните упатства за под-
мачкување, за затегнување на ланецот и за резерв-
ните делови. Ланец чие затегнување и подмачкување не
се правилни може да се скине што придонесува до ризик
од контраудар.
• Одржувајте ги рачките суви, чисти и без траги од
масло или масти. Замастените или мрсни рачки се лиз-
гави и предизвикуваат губење на контролата.
• Сечете единствено дрво. Не користете ја пилата со
ланец за употреби што не се предвидени. На при-
мер: не користете ја пилата за сечење пластични ма-
теријали, материјали за градба или материјали што
не направени од дрво. Користењето на ланецот за други
работи што не се предвидени може да доведе до опасни
ситуации.
Ж) ПРИЧИНИ ЗА КОНТРАУДАР И ЗАШТИТА
ЗА ОПЕРАТОРОТ
Може да дојде до контраудар кога крајната точка на лостот
за водење ќе удри во предмет или кога дрвото има кора што
го спречува назабениот ланец во процесот на сечење.
Контакт со крајните делови може во дадени случаи да пре-
дизвика ненадејна повратна реакција вртејќи го лостот за
наведување нагоре или наназад кон операторот.
Затегнувањето на назабениот ланец за горниот дел на ло-
стот за наведување може да предизвика нагло движење на-
назад на назабениот ланец насочен кон операторот.
Која било од овие реакции може да предизвика губење
контрола врз пилата со што се предизвикуваат тешки по-
вреди по лицата. Нема потреба да се употребуваат само
уредите за безбедност што се содржани во пилата.
Операторот на пилата со ланец, може да преземе различни
мерки за елиминирање на ризични ситуации или телесни
повреди во текот на сечењето. Контраударот е резултат на
неправилна употреба на машината и / или постапка или
услови на работа што не се правилни и може да се избегнат
со следење на соодветните, посочени мерки за заштита:
• Држете ја пилата цврсто со двете раце, со палците и
прстите околу рачките на пилата со ланец и ставајќи
го телото и рацете во позиција која ви дозволува да
ги издржите ударите на противударот. Силата на про-
тивударот може да ги контролира операторот ако по-
сочи исклучително внимание на ситуацијата. Не оста-
вајте ја пилата со ланец.
• Не држете ги рацете многу далеку и не сечете над ви-
сината на рамениците. Така се избегнуваат неконтро-
лирани контакти со екстремитетите и се овозможува
најдобра контрола врз пилата во предвидените ситуации.
• Користете ги водилките на лостот и ланецот само за
работи што ги посочил производителот. Резервните
делови за лостот и за ланецот што не се соодветни може
да предизвикаат расипување на ланецот и / или конт-
раудар.
• Придржувајте се до упатствата на производителот
во однос на острењето и одржувањето на пилата со
ланец. Намалување на нивото на темелноста може да
доведе до зголемување на контраударот.
З) ТЕХНИКИ НА КОРИСТЕЊЕ НА МОТОРНАТА ПИЛА
Секогаш следете ги предочувањата за ваша безбедност и
применувајте ги техниките за сечење што најдобро одгова-
раат на работата во согласност со индикациите и со при-
кажаните примери и упатства (видете поглавје 7).
И) ПРЕПОРАКИ ЗА ПОЧЕТНИЦИ
Пред да започнете со сечење и кастрење за првпат, не-
опходно е:
– да имате соодветна обука за користење на овој вид апа-
рати;
– да сте ги прочитале безбедносните предочувања и упат-
ството за користење што се составен дел на овој при-
рачник;
– да сте вежбале на мали грмушки на земја или фиксирани
на соодветни потпори на начин што ќе доведе до не-
опходната запознаеност со машината и со најчестите
техники за сечење.
К) КАКО СЕ ЧИТА УПАТСТВОТО
Во текстот на упатството, неколку пасуси коишто содржат
информации од особена важност се потенцирани во разни
степени на евидентирање, каде што најважно е следното:
ЗАБЕЛЕШКА
или
ВАЖНО
формации како што е претходно наведено, со цел да не се
оштети машината, или да не се предизвика штета.
ВНИМАНИЕ!
повреди на други лица во случај на невнимание.
ОПАСНОСТ!
реди или повреди на други лица, па дури и смрт, во слу-
чај на невнимание.
МЕРКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Даваат прецизни или други ин-
Можност за лични повреди или
Можност за тешки лични пов-

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Sp 46Sp 43Sp 36

Table of Contents