Bosch 0 607 951 Series Assembly Instructions Manual page 153

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 11
OBJ_BUCH-1656-002.book Page 153 Friday, December 9, 2016 1:05 PM
Монтажа на прирабницата за прицврстување
(види слика A)
– Одвртете го прстенот со навој 6 со кукаст клуч 7 (лев
навој!) и завртете ја прирабницата за прицврстување 8.
– Прицврстете го пневматскиот монтажен мотор на
прирабницата за прицврстување 8 со две завртки на
уредот за затегнување.
Воздуховод
Со воздуховодот може да го одведувате издувниот воздух
низ едно црево за одвод на воздух надвор од вашето
работно место и истовремено да постигнете оптимално
придушување на звукот. Со тоа ќе ги подобрите работните
услови, бидејќи вашето работно место повеќе нема да
биде извалкано со воздух кој содржи масло или прав одн.
струготини.
– Одвртете го придушувачот на излезот за воздух 5, и
заменете го со спојница за црево .
– Олабавете го држачот за цревото за одвод на воздух , и
зацврстете го цревото за одвод на воздух на спојницата
за црево , при што ќе го зацврстите држачот за црево.
Приклучок на напојувањето со воздух
 Внимавајте компресираниот воздух да не е понизок
од 6,3 bar (91 psi), бидејќи пневматскиот монтажен
мотор е конструиран за овој притисок.
 Осигурете се дека напојувањето со воздух е
исклучено, пред да го приклучите пневматскиот
монтажен мотор на напојување со воздух.
 Приклучете го пневматскиот монтажен мотор
директно на напојувањето со воздух, а никогаш на
издувниот воздух на уредот. Кај пневматските
мотори со десен/лев тек внимавајте
приклучувањето да го извршите на правилната
страна.
За максимална јачина, мора да се придржувате до
вредностите за ширината на цревото како и навојот на
приклучокот како што е дадено во табелата „Технички
податоци". За да се одржи полната јачина, користете само
црева со макс. 4 м должина.
Во доведениот компресиран воздух не смее да има туѓи
тела и влага, за да го заштити пневматскиот монтажен
мотор од оштетување, нечистотија и создавање р'ѓа.
Напомена: Неопходно е користење на единицата за
одржување на компресираниот воздух. Ова овозможува
беспрекорна функција на пневматскиот монтажен мотор.
Внимавајте на упатството за употреба на единицата за
одржување.
Сите арматури, кабелски врски и црева мора да бидат така
конструирани да одговараат на притисокот и потребната
количина на воздух.
Избегнувајте стеснување на доводните водови напр. со
притискање, превиткување или истегнување!
Доколку се двоумите, проверете го притисокот на влезот
за воздух со манометар и со вклучен пневматски
монтажен мотор.
Bosch Power Tools
Употреба
Ставање во употреба
Пневматскиот монтажен мотор работи оптимално при
работен притисок од 6,3 bar (91 psi), измерено на влезот
на воздухот при вклучен пневматски монтажен мотор.
Вклучување/исклучување
Напомена: Доколку пневматскиот монтажен мотор не
стартува, напр. по подолго мирување, прекинете го
напојувањето со воздух, и свртете го повеќепати моторот
на погонското вратило 1. Притоа ќе се отстранат
атхезионите сили.
Вклучувањето и исклучувањето на пневматскиот
монтажен мотор се врши со приклучување и исклучување
на напојувањето со воздух.
Совети при работењето
 Веднаш запрете го пневматскиот монтажен мотор,
доколку истиот не го постигне наведениот број на
вртежи во празен од (погледнете ги вредностите
„Технички податоци") при правилно приклучување
на напојувањето со воздух и правилен оперативен
притисок!
– Проверете го пневматскиот монтажен мотор.
– Доколку и по контролата пневматскиот монтажен
мотор не го постигне наведениот број на вртежи при
празен од, заменете го истиот.
Не го користете пневматскиот монтажен мотор подолго од
15 минути во празен од.
Оптоварувањата што ќе настанат одеднаш забрзано го
намалуваат вртежниот момент или предизвикуваат
состојба на мирување, но не му штетат на пневматскиот
монтажен мотор.
Поставете го правецот на вртење
Десен тек
– Приклучете го цревото за довод на воздух на
приклучокот на цревото 3.
Лев тек
0 607 951 304/... 305/... 306/... 307/... 314/... 315/
... 316/... 318/... 323/... 325/... 326
0 607 957 301/... 308/... 309/... 310/... 315
– Приклучете го цревото за довод на воздух на
приклучокот на цревото 4.
Подесување на вртежниот момент
Вртежниот момент ќе се управува преку оперативниот
притисок.
Наведениот број на вртежи во празен од запира доколку
се приклучи придушувач на звук. Доколку се извади
придушувачот на звук, мора да се провери бројот на
вртежи.
Зголемениот број на вртежи треба да се редуцира со
придушница на номинален број на вртежи.
Зголемениот број на вртежи предизвикува непотребна
бучава и го скратува рокот на употреба на пневматскиот
монтажен мотор.
1 609 92A 37R | (9.12.16)
Македонски | 153

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents