За Време На Работа; Одржување - Wilo FKT 50.1 Series Installation And Operating Instructions Manual

+ emu fa
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 164
2.8
За време на работа
2.9
Одржување
Упатство за вградување и работа Wilo Motor FKT 50.1, 57, 63.1, 63.2 + EMU FA
Безбедност
▪ Сите движечки делови треба да се во мирување.
▪ Погрижете се да има доволно проветрување во затворени простории.
▪ За поголема сигурност, треба да биде присутно второ лице кога се работи во
шахти или во затворени простории.
▪ Веднаш преземете мерки ако се насоберат отровни гасови или гасови што може
да предизвикаат загушување!
▪ Темелно исчистете го производот. Дезинфицирајте го производот ако бил
употребен со медиуми опасни по здравјето!
▪ Осигурајте се дека не постои опасност за експлозија кога треба да заварувате или
да работите со други електрични уреди.
▪ Носете ја следната заштитна опрема:
– Заштитни чевли
– Заштита за ушите (според работните правила)
▪ Работниот простор не е предвиден како простор каде што слободно ќе минуваат
сите. Додека се работи не смее никој премногу да се задржува во работниот
простор.
▪ Лицето што ракува со производот мора веднаш да го пријави секој дефект или
неправилност кај одговорното лице.
▪ Кога ќе наиде на недостатоци опасни по безбедноста, лицето што ракува со
производот мора веднаш да го исклучи во случај на:
– Нефункционирање на безбедносната опрема или на уредите за надгледување
– Оштетување на делови од куќиштето
– Оштетување на електричната опрема
▪ Никогаш не посегајте во вшмукателната наставка. Движечките делови може да ви
ги нагмечат или отсечат рацете.
▪ Кога моторот ќе станив видлив за време на работата, куќиштето на моторот може
да дигне температура од преку 40 °C (104 °F).
▪ Кога моторот станува видлив за време на работата како и кога е поставен на суво,
куќиштето на моторот може да дигне температура од преку 40 °C (104 °F).
▪ Отворете ги сите засуни во вшмукателните и притисочните цевководи.
▪ Гледајте да има минимално покривање со вода за да има заштита од работа на
суво.
▪ Во нормални работни услови, производот создава звучен притисок од 85 dB(A).
Сепак, реалниот звучен притисок зависи од повеќе фактори:
– Длабочината на вградување
– Поставувањето
– Прицврстеноста на опремата и цевководот
– Работната точка
– Длабочината на потопување
▪ Кога производот работи во важечките работни услови, лицето што ракува треба
да го мери и звучниот притисок. Доколку тој е над 85 dB(A), мора да се носи
заштита за ушите и да се следат напомените од работните правила!
▪ Носете ја следната заштитна опрема:
– Затворени заштитни очила
– Заштитни чевли
– Безбедносни ракавици за заштита од исекотини
▪ Процесот на одржување треба секогаш да се изведува надвор од работната
просторија/местото на поставување.
▪ Треба да се врши само одржување како што е опишано во овие упатства за
вградување и работа.
▪ Кога вршите одржување или поправка, треба да користите само оригинални
делови од производителот. Ако употребите други неоригинални делови,
производителот нема да преземе одговорност за производот.
▪ Веднаш отстранете го протечениот медиум што се транспортира и работните
материјали и фрлете го согласно важечките локални прописи.
▪ Чувајте ги алатите на предвидените места.
▪ Откако ќе завршите со работите, вратете ја сигурносната опрема и уредите за
надгледување и проверете дали функционираат.
Заменете го работниот материјал
При дефект може да се создаде притисок во моторот од повеќе бари!
Притисокот се намалува кога ќе ги отворите шрафовите за затворање. Доколку
невнимателно ги одвртите, може да се случи силно протекување! За да избегнете
повреди, внимавајте на следниве инструкции:
▪ Придржувајте се до пропишаниот редослед на работните чекори.
mk
693

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Fkt 57 seriesFkt 63.1 seriesFkt 63.2 series

Table of Contents