Отстранување Од Употреба - Wilo FKT 50.1 Series Installation And Operating Instructions Manual

+ emu fa
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 164
mk
8
Отстранување од употреба
8.1
Лична квалификација
8.2
Обврската на раководителот
8.3
Отстранување од употреба
718
Отстранување од употреба
Центрифугалните пумпи имаат вртечки делови зависни од конструкцијата,
коишто се лесно пристапни. Зависно од работата, овие делови може да имаат
остри рабови. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Може да дојде до повреди од исекување и
отсекување на цели екстремитети! Проверувајте ги следните работи во редовни
интервали:
▪ Работен напон (+/-5 % од димензионираниот напон)
▪ Фреквенција (+/- 2 % од димензионираната фреквенција)
▪ Потрошувачката на струја меѓу поединечните фази (макс. 5%)
▪ Разлика во напонот меѓу поединечните фази (макс. 1%)
▪ Макс. зачестеност на вклучување
▪ Минимално покривање со вода во зависност од начинот на работа
▪ Прилив: нема воведување воздух.
▪ Управување со нивото/заштита од сув од: Точки на прекинување
▪ Тивка работа/работа без вибрации
▪ Сите засуни се отворени
Работа во граничното подрачје
Пумпата може да се доведува до максималната работна граница краткотрајно
(макс. 15 мин/дневно). Кога работи при максималната работна граница, се
добиваат работни податоци со големи отстапувања. НАПОМЕНА! Забранета е
континуирана работа при максималната работна граница! Така пумпата е
изложена на поголемо абење и постои поголем ризик за да се расипе!
Додека таа работа во граничното подрачје, важат следниве параметри:
▪ Работниот напон (+/-10 % од измерениот напон)
▪ Фреквенција (+3/-5 % од измерената фреквенција)
▪ Потрошувачката на струја на поединечните фази (макс. 6 %)
▪ Разликата во напонот меѓу поединечните фази (макс. 2 %)
▪ Ракување/управување: Работниот персонал мора да биде упатен околу
функционирањето на целата постројка.
▪ Работа со електриката: На електриката мора да работи само стручен електричар.
▪ Монтажа/демонтажа: Стручното лице мора да е обучено во поглед на работата со
потребните алати и материјали за прицврстување за дадената површина.
▪ Внимавајте на локалните прописи на сила за спречување несреќни случаи и за
безбедност на трговските асоцијации.
▪ Внимавајте на прописите за работа со тешки и висечки товари.
▪ Обезбедете и уверете се дека секој има заштитна опрема на располагање којашто
треба да ја носи персоналот.
▪ Погрижете се да има доволно проветрување во затворени простории.
▪ Веднаш преземете мерки ако се насоберат отровни гасови или гасови што може
да предизвикаат загушување!
Пумпата се исклучува кога се отстранува од употреба, но и понатаму е вградена.
Така пумпата е секогаш подготвена за повторно пуштање во употреба.
За да ја заштитите пумпата од мраз, секогаш потопувајте ја целосно во
транспортираниот медиум.
Температурата на транспортираниот медиум мора секогаш да е над +3 °C
(+37 °F).
1. Исклучете ја пумпата.
2. Осигурете ја од ненамерно вклучување (пр. блокирајте го главниот
прекинувач).
▶ Пумпата е сега надвор од употреба и може да се демонтира.
Ако пумпата остане монтирана и откако е отстранета од употреба, треба да се
внимава на следниве точки:
▪ Овозможете ги сите предуслови за отстранување на пумпата од употреба за
целото време на процедурата. Ако не се загарантирани предусловите,
демонтирајте ја пумпата по отстранувањето од употреба!
▪ Доколку планирате да ја отстраните од употреба на подолг период, вклучувајте ја
на редовни интервали (месечно до годишно) во траење од 5 минути за да се
уверите дека е функционална. ВНИМАНИТЕЛНО! Проверката на функцијата смее
WILO SE 2019-01

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Fkt 57 seriesFkt 63.1 seriesFkt 63.2 series

Table of Contents