Makita DMR109 Instruction Manual page 68

Job site radio
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
е потребно да го активирате вашето радио да скенира
за пронаоѓање нови станици.
За да овозможите радиото да ги најде достапните
станици, препорачливо е да извршите целосно
скенирање на целиот DAB фреквентен појас III.
1. Притиснете го копчето за автоматско бирање.
2. Вашето радио ќе изврши целосно скенирање на
DAB фреквенциите. Како што се пронаоѓаат нови
станици, бројачот на станици на левата страна на
приказот ќе се покачува и станиците ќе се
додаваат во листата.
Рачно бирање – DAB
Рачното бирање ви овозможува да изберете конкретна
DAB фреквенција во фреквентниот појас III. Оваа
функција може, исто така, да се користи за
олеснување на позиционирањето на антената или
радиото така што да се оптимизира приемот за
конкретен канал или фреквенција.
1. Притиснете го копчето за напредни поставувања и
вртете го тркалото за јачина на звук/контрола на
бирање станици/избор додека на екранот не се
прикаже „Рачно бирање". Притиснете го тркалото
за јачина на звук/контрола на бирање станици/
избор за да влезете во режимот на рачно бирање.
2. Вртете го тркалото за јачина на звук/контрола на
бирање станици/избор за да го изберете саканиот
DAB канал. Притиснете го тркалото за јачина на
звук/контрола на бирање станици/избор за да ја
потврдите избраната фреквенција.
Поставување редослед на станици –
DAB
Вашето радио има 3 редоследи на станици кои може
да ги изберете. Поставувањата за редослед на
станиците се алфанумерички, здружени и валидни
станици.
1. Притиснете го копчето за напредни поставувања.
2. Вртете го тркалото за јачина на звук/контрола на
бирање станици/избор додека на екранот не се
прикаже „Редослед на станици", а потоа,
притиснете го тркалото за јачина на звук/контрола
на бирање станици/избор за да влезете во
поставувањето.
3. Вртете го тркалото за јачина на звук/контрола на
бирање станици/избор за да ја изберете следната
опција и притиснете го тркалото за да го потврдите
поставувањето.
Алфанумерички Ја подредува листата на станици
алфанумерички 0...9 A...Z
Здружено
Ја организира листата на станици
според DAB мултиплекс
Валидни
Ги покажува само оние станици за
кои може да се најде сигнал
Контрола на динамички опсег (DRC) –
DAB
Одликата DRC може потивките звуци да ги направи
полесно за слушање кога вашето радио се користи во
бучна средина со намалување на динамичкиот опсег
на аудио сигналот. Има три нивоа на компресија:
DRC 0
Не се применува компресија.
68
DRC 1/2
Се применува средно ниво на
компресија.
DRC 1
Се применува максимална компресија.
1. Притиснете го копчето за вклучување/исклучување
за да го вклучите вашето радио.
2. Притиснете го копчето за фреквентен појас за да го
изберете DAB фреквентниот појас.
3. Притиснете го копчето за напредни поставувања и
вртете го тркалото за јачина на звук/контрола на
бирање станици/избор додека на екранот не се
прикаже „Вредност на DRC". Потоа, притиснете го
тркалото за јачина на звук/контрола на бирање
станици/избор за да влезете во поставувањето. На
екранот ќе се прикаже тековната вредност на DRC.
4. Вртете го тркалото за јачина на звук/контрола на
бирање станици/избор за да го изберете саканото
поставување за DRC.
5. Притиснете го тркалото за јачина на звук/контрола
на бирање станици/избор за го потврдите
поставувањето.
Бирање со скенирање – FM
1. Притиснете го копчето за вклучување/исклучување
за да го вклучите радиото.
2. Изберете ја саканата бранова должина со
притискање на копчето за фреквентен појас.
Осигурете меката свиткана жична антена да е
добро поставена за да се добие најдобар FM
прием. Избегнувајте да го користите радиото во
близина на компјутерски екран или друга опрема
што може да предизвика пречки кај радиото.
3. Притиснете го копчето за автоматско бирање и
радиото ќе започне да пребарува при што
автоматски ќе застане кога ќе пронајде радио
станица. Радиото ќе продолжи со пребарување на
следната достапна станица освен ако операторот
не го притисне копчето за автоматско бирање за да
го запре скенирањето.
4. Вртете го тркалото за јачина на звук/контрола на
бирање станици/избор за да го изберете саканото
ниво на звук. На ЛЦД дисплејот ќе се прикажат
промените во нивото на звукот.
Напомена:
За да го користите тркалото за јачина на звук/
контрола на бирање станици/избор за пронаоѓање
на вашата сакана станица, притиснете го и
задржете го притиснато тркалото за јачина на звук/
контрола на бирање станици/избор за префлрање
во режим на контрола на бирање.
5. За да го исклучите радиото, притиснете го копчето
за вклучување/исклучување .
FM зона на скенирање
Кога го употребувате FM режимот, вашето радио може
да се постави да скенира или локални станици или да
ги скенира сите станици вклучувајќи далечни радио
станици.
Рачно бирање – FM
1. Притиснете го копчето за вклучување/исклучување
за да го вклучите радиото.
2. Притиснете го копчето за фреквентен појас за да ја
изберете саканата бранова должина.

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dmr110

Table of Contents