Download Print this page

Koncar SE 5640 SERIES Operating, Installation And Connecting Instructions page 159

Freestanding cooker

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 38
• При долготрајно готвење на јадења користете садови за готвење под притисок.
• Со правовремено исклучување на грејните плочи (зони) и рерната, ја искористувате
заостаната топлина и на тој начин штедите енергија.
• Ако за готвење користите огноотпорни стаклени односно порцелански садови,
придржувајте се кон упатствата на произведувачот на садовите.
• Ако користите лонец под притисок, надгледувајте го додека не постигне правилен
притисок. Грејната плоча (зона) нека на почетокот биде вклучена на најголема сила, а
потоа повремено намалете ја силата на греењето.
• Секогаш внимавајте во лонецот под притисок, а и во другите лонци и садови, да има
доволно течност бидејќи заради испарување садот може да остане празен, а заради
прегревање може да дојде до оштетување на лонецот и на грејната плоча.
ВНИМАНИЕ!
За време на работата се загреваат поединечни делови на
шпоретот, првенствено местата за готвење и подрачјето
околу нив.
Обратете внимание и не ги допирајте грејните елементи!
Децата помлади од 8 години мора да бидат оддалечени
од вклучениот шпорет или да бидат под постојан надзор!
Подготовката на храна во масло или на маст бара
претпазливост бидејќи прегреаното масло или маст
може брзо да се запали и да предизвика пожар.
НИКОГАШ не се обидувајте да го гаснете пожарот со
вода, туку исклучете го шпоретот и изгаснете го пламенот
така што ќе го покриете со капакот или со огноотпорно
платно.
ОПАСНОСТ ОД ПОЖАР: никогаш не оставајте предмети
на површината за готвење.
Некои шпорети имаат капаци кои можете да ги затворите
само откако ќе се оладат грејните плочи и гасните
пламеници за да не дојде до оштетување на капакот.
Ако врз капакот на шпоретот е разлеана течност,
избришете ја пред отворање на капакот.
MK
Слика 6
159
Слика 7

Advertisement

loading