Download Print this page

Koncar SE 5640 SERIES Operating, Installation And Connecting Instructions page 149

Freestanding cooker

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 38
При приклучувањето треба да се води сметка електричната
инсталација до местото каде што шпоретот се приклучува да
биде таква да може да ја издржи потребната струја.
ВНИМАНИЕ! Шпоретот задолжително треба да биде заземјен!
Неисправната светилка од осветлението на рерната
задолжително мора да биде заменета со исправна затоа што кај
повеќесистемските рерни таа е воедно и индикатор на
вклученоста на рерната.
Пред замена на неисправната сијалица во рерната
задолжително исклучете го шпоретот од електричната
инсталација за да избегнете струен удар!
Шпоретот не смее да се приклучува кон надворешен "тајмер"
или кон одвоен далечински управувач.
За придржувње на садови и тави користете крпи или ракавици
да одбегнете изгореници.
Во фиоката под шпоретот не смеат да се чуваат запаливи и
експлозивни предмети (крпи, хартија, пластика и сл.) поради
опасност од пожар и експлозија! Фиоката користете ја само за
чување на приборот на шпоретот што моментално не го
користите (штитник, итн.).
Шпоретот не смее да се користи за загревање на простории !
Пред да го приклучите шпоретот на боцата со течен нафтен гас
внимателно прочитајте ги упатствата за употреба на боцата со
гас и регулаторот на притисокот на боцата со гас и внимавајте
гуменото црево да не дојде во допир со задната страна на
шпоретот.
Ако приклучувате електричен апарат во близина на шпоретот,
морате да водите сметка да кабелот од тој апарат не дојде во
допир со загреаните делови од шпоретот или со отворен
пламен.
Рерната не смеете да ја чистите со апарат за чистење под висок
притисок, затоа што може да дојде до краток спој и до
оштетување на шпоретот.
Стаклокерамичката плоча е многу отпорна, ама не е некршлива!
Посебно остри и тврди предмети ако паднат од поголема
висина можат да ја оштетат стаклокерамичката плоча.
MK
149

Advertisement

loading