Download Print this page

Koncar SE 5640 SERIES Operating, Installation And Connecting Instructions page 148

Freestanding cooker

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 38
• Шпоретот може да биде приклучен на електрична и гасна
инсталација, во склад со важечките законски прописи, само од
овластено и стручно оспособено лице. Нестручно
приклучување и поправки можат да причинат електричен удар
и телесни повреди.
Шпоретот треба да се постави во задоволително проветрена
просторија. Во тек на работа на гасните пламеници се
ослободува топлина и влага па е потребно да се спроведе
додатно проветрување на просторијата во која е сместен
шпоретот. При поинтензивна употреба на шпоретот потребно е
појако проветрување и вклучување на аспиратор.
Шпоретот, како и секој друг апарат во домаќинството, треба да
се надгледува во текот на неговата работа.
Шпорет треба дополнително да се обезбедени на ѕидот како
што е прикажано на Слика 32.
Кај моделот од ИНОКС, пред првото вклучување на шпоретот,
отстранете ја заштитната фолија од ИНОКС работната и
управувачката плоча за да не дојде до нејзино запалување и
можни повреди на корисникот.
Не користете ги гасните пламеници ако е пламенот непостојан.
Обрнете внимание кон правилното составување на деловите на
пламеникот.
Ако почуствувате мирис на гас, веднаш затворете го главниот
вентил за довод на гасот, не приближувајте се со отворен
пламен, не вклучувајте ги електронските прекинувачи,
проветрете ја просторијата и повикајте стручно лице за гасна
инсталација.
Ако е шпоретот вон функција подолго време (одење на викенд
или одмор), задолжително запрете го доводот на гасот.
За време на работењето се загреваат одделни делови на
шпоретот, првенствено местата за готвење и нивната околина.
Поради тоа ВНИМАНИЕ! Децата помлади од 8 години не смеат
да се задржуваат во близина на шпоретот додека е вклучен!
Дете да не се игра со апаратот!
Не вклучувајте го шпоретот во електричната инсталација ако
приклучниот вод е оштетен.
Оштетениот приклучен вод мора да биде заменет со исправен,
а смее да го замени единствено стручно лице или сервисер.
Нестручното приклучување и поправки можат да предизвикаат
електричен удар и физички повреди.
MK
148

Advertisement

loading