Македонски - Philips GC6804/26 User Manual

Hide thumbs Also See for GC6804/26:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 4
116
Македонски
Вовед
Ви честитаме за купувањето и добре дојдовте во Philips! За да целосно ја искористите поддршката
што ја нуди Philips, регистрирајте го вашиот производ на www.philips.com/welcome.
Внимателно прочитајте го ова упатство за користење, брошурата со важни информации и водичот за
брз почеток пред да го користите апаратот. Зачувајте ги за идни потреби.
Преглед на производот (сл. 1)
1 Грејна плоча
2 Индикатор „пеглата е подготвена"
3 Копче за пареа/дополнителна количина на пареа
4 Црево за довод на вода
5 Вратичка за полнење на резервоарот за вода
6 Копче за отпуштање на бравата за носење (само за сериите GC6819, GC6820, GC6830 и GC6840)
7 Подножје за пеглата
8 Копче за вклучување/исклучување со индикатор за напојување и за исклучување
9 Копче CALC-CLEAN со индикатор
10 Кабел за напојување со приклучок
11 Преграда за чување на цревото за довод на вода и на кабелот за напојување
12 Сад Smart Calc-Clean
Ексклузивна технологија од Philips
Технологија OptimalTEMP
Технологијата OptimalTEMP ви овозможува да ги пеглате сите видови на ткаенина кои може да се
пеглаат, во кој било редослед, без приспособување на температурата на пеглата и без сортирање на
облеката.
Врелата грејна плоча можете безбедно да ја спуштите директно на штицата за пеглање (сл. 2) без
потреба да ја враќате на подножјето. Тоа ќе го намали напрегнувањето на рачниот зглоб.
Компактна технологија ProVelocity
Оваа технологија овозможува континуирано испуштање пареа што продира длабоко за
лесно отстранување на наборите. Исто така, таа го прави апаратот покомпактен и полесен од
традиционалните генератори за пареа за полесно складирање.
Подготовка за употреба
Тип вода што треба да ја користите
Овој апарат е предвиден да се користи со вода од чешма. Меѓутоа, ако живеете во подрачје со тврда
вода, може да дојде до брзо таложење на бигор. Затоа се препорачува користење на дестилирана
или деминерализирана вода за да се продолжи векот на траење на апаратот.
Предупредување: не користете парфимирана вода, вода од машина за сушење алишта, оцет,
штирак, средства за отстранување бигор, адитиви за пеглање, вода која е хемиски исчистена
од бигор или други хемикалии, затоа што може да предизвикаат нагло исфрлување на вода,
појава на кафени дамки или оштетување на апаратот.
Полнење на резервоарот за вода
Наполнете го резервоарот за вода пред секое користење или кога нивото на вода во резервоарот ќе
се спушти под минималното ниво. Резервоарот за вода можете да го дополните во секое време при
користењето.
1 Отворете ја вратичката за полнење на резервоарот за вода (сл. 3).

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Gc6800 series

Table of Contents