Македонски - Philips GC7808/40 User Manual

Hide thumbs Also See for GC7808/40:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 4
Македонски
116
Вовед
Ви честитаме за купувањето и добре дојдовте во Philips! За да целосно ја искористите поддршката
која ја нуди Philips, регистрирајте го вашиот производ на www.philips.com/welcome.
Внимателно прочитајте го ова упатство за користење, брошурата со важни информации и водичот за
брз почеток пред да го користите апаратот. Зачувајте ги за идни потреби.
Преглед на производот (сл. 1)
1 Црево за довод на вода
2 Копче за пареа/дополнителна количина на пареа
3 Индикатор „пеглата е подготвена"
4 Грејна плоча
5 Подножје за пегла
6 Копче за отпуштање на бравата за носење
7 Вратичка за полнење на резервоарот за вода
8 Преграда за чување на цревото за довод на вода
9 Кабел за напојување со приклучок
10 Копче CALC-CLEAN со индикатор
11 Копче за вклучување/исклучување со индикатор за напојување и индикатор за автоматско
исклучување
12 Копче ECO со индикатор
13 Сад Smart Calc-Clean
Ексклузивна технологија од Philips
Технологија OptimalTEMP
Технологијата OptimalTEMP ви овозможува да ги пеглате сите видови на ткаенина кои може да се
пеглаат, во кој било редослед, без прилагодување на температурата на пеглата и без сортирање на
облеката.
Врелата грејна плоча може безбедно да ја спуштите директно на штицата за пеглање (сл. 2) без
потреба да ја враќате на подножјето. Тоа ќе го намали напрегнувањето на рачниот зглоб.
Компактна технологија ProVelocity
Оваа технологија овозможува континуирано испуштање пареа што продира длабоко за
лесно отстранување на наборите. Исто така, таа го прави апаратот покомпактен и полесен од
традиционалните генератори за пареа за полесно складирање (сл. 3).
Подготовка за употреба
Тип вода што треба да ја користите
Овој апарат е предвиден да се користи со вода од чешма. Меѓутоа, ако живеете во подрачје со тврда
вода, може да дојде до брзо таложење на бигор. Затоа се препорачува користење на дестилирана
или деминерализирана вода за да се продолжи векот на траење на апаратот.
Предупредување: не користете парфимирана вода, вода од машина за сушење алишта, оцет,
штирак, средства за отстранување бигор, адитиви за пеглање, вода која е хемиски исчистена
од бигор или други хемикалии, затоа што може да предизвикаат нагло исфрлување на вода,
појава на кафени дамки или оштетување на апаратот.
Полнење на резервоарот за вода
Наполнете го резервоарот за вода пред секое користење или кога нивото на вода во резервоарот ќе
се спушти под минималното ниво. Резервоарот за вода можете да го дополните во секое време при
користењето.

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Gc7800 series

Table of Contents