Македонски - Philips HI5920/20 User Manual

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 4
Вовед
Ви честитаме за купувањето и добре дојдовте во Philips! За да целосно ја искористите поддршката
која ја нуди Philips, регистрирајте го вашиот производ на www.philips.com/welcome.
Внимателно прочитајте го ова упатство за користење, брошурата со важни информации и водичот за
брз почеток пред да го користите апаратот. Зачувајте ги за идни потреби.
Преглед на производот (сл. 1)
1 Црево за довод на вода
2 Регулатор за температура
3 Копче за пареа/дополнителна количина на пареа
4 Индикатор „пеглата е подготвена"
5 Копче CALC-CLEAN со индикатор
6 Подножје за пегла
7 Рачка за отпуштање на резервоарот за вода
8 Отстранлив резервоар за вода
9 Прекинувач за вклучување/исклучување
10 Кабел за напојување со приклучок
11 Сад Smart Calc-Clean
Важно
Редовно извршувајте ја постапката за отстранување бигор за да обезбедите одлична пареа и
продолжен век на траење на апаратот.
Препорачан тип вода
Дестилирана или деминерализирана вода ако живеете во подрачје со тврда вода.
Тип вода што треба да ја користите
Овој апарат е предвиден да се користи со вода од чешма. Меѓутоа, ако живеете во подрачје со тврда
вода, може да дојде до брзо таложење на бигор. Затоа се препорачува користење на дестилирана
или деминерализирана вода за да се продолжи векот на траење на апаратот.
Предупредување: не користете парфимирана вода, вода од машина за сушење алишта, оцет,
штирак, средства за отстранување бигор, адитиви за пеглање, вода која е хемиски исчистена
од бигор или други хемикалии, затоа што може да предизвикаат нагло исфрлување на вода,
појава на кафени дамки или оштетување на апаратот.
Внимание: бидете внимателни кога го отстранувате резервоарот за вода. Површината близу до
врвот на пеглата може да биде жешка (сл. 2).
Поставување температура
За да ја поставите потребната температура за пеглање, завртете го регулаторот за температура на
соодветната положба. Апаратот автоматски ја приспособува пареата во зависност од поставената
температура за пеглање.
Поставка за температура
SYNTH до
до LINEN
Автоматско поставување
Македонски
Вид на ткаенина
Синтетика (на пр. ацетат,
акрил, најлон, полиамид)
Волна, вискоза, полиестер и
свила
Памук, лен
69

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Hi5919/30Hi5912/30

Table of Contents