Samsung NV75J5170BS User & Installation Manual page 142

Hide thumbs Also See for NV75J5170BS:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 477
Безбедносни инструкции
Ако уредот се одликува со функција за автоматско чистење или чистење со пареа,
истурената храна мора да се отстрани пред чистењето, а садовите треба да се отстранат од
рерната за време на чистењето со пареа или автоматското чистење. Функцијата за чистење
зависи од моделот.
Ако овој уред се одликува со функции за автоматско чистење, за време на автоматското
чистење површините може да се загреат повеќе од вообичаено, па затоа не дозволувајте
им на малите деца да бидат во близина. Функцијата за чистење зависи од моделот.
Користете ја сондата за температура која е препорачана за оваа рерна. (само модели со
сонда за месо)
Уредот не треба да се чисти со пареа.
Исклучете го уредот пред замената на светилката за да се избегне можноста од
електричен удар.
Не употребувајте јаки абразивни средства или остри метални жици за чистење на
стаклото од вратата на рерната бидејќи тие можат да ја изгребат површината, што може да
предизвика кршење на стаклото.
Уредот и неговите достапни делови може да се загреат за време на употребата.
Внимавајте некој да не дојде во контакт со загреаните делови.
Децата на возраст помала од 8 години не треба да бидат во близина, освен под
постојан надзор.
Овој уред може да го користат деца на возраст од 8 и повеќе години и лица со намалени
физички, сетилни или ментални способности, недоволно искусни или обучени лица,
доколку истите се надгледуваат или им се дадат инструкции за користење на уредот на
безбеден начин и им се објаснат можните опасности. Децата не смеат да си играат со
уредот. Чистењето и одржувањето од страна на корисникот не смеат да го вршат деца без
соодветен надзор.
Температурата на надворешните површини може да биде висока при ракување со уредот.
Вратата или надворешната површина може да се загрее при ракување со уредот.
Чувајте го уредот и неговиот кабел подалеку од дофат на деца помали од 8 години.
6 Македонски
NV75J5170BS_OL_DG68-00617E-01_MK.indd 6
2015-06-04
11:06:02

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents