Philips PerfectCare Performer GC8755/80 User Manual page 116

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 3
Македонски
118
Забелешка: постапката Calc-Clean може да се изврши во секое време, дури и ако сè уште не се
активирал звучниот и светлосен потсетник.
Извршување на постапката Calc-Clean со садот Calc-Clean
Предупредување: не оставајте го апаратот без надзор во текот на постапката Calc-Clean.
Внимание: секогаш извршувајте ја постапката Calc-Clean со садот Calc-Clean. Немојте да ја
прекинувате постапката со подигнување на пеглата од садот Calc-Clean, бидејќи од грејната
плоча ќе излезе врела вода и пареа.
1 Наполнете го резервоарот за вода до половина (сл. 18).
Забелешка: апаратот мора да биде приклучен во напојување и ВКЛУЧЕН при постапката Calc-
Clean.
2 Поставете го садот Calc-Clean на штицата за пеглање или на друга рамна и стабилна површина (сл.
19).
3 Поставете ја пеглата стабилно на садот Calc-Clean (сл. 20).
4 Притиснете го копчето CALC-CLEAN и задржете го 2 секунди сè додека не слушнете кратки звучни
сигнали (сл. 21).
Забелешка: садот Calc-Clean е наменет за собирање честички на бигор и врела вода во текот на
постапката Calc-Clean. Сосема безбедно е да ја оставите пеглата на овој сад во текот на целата
постапка.
5 Во текот на постапката Calc-Clean, ќе слушнете кратки звучни сигнали и звук на пумпање (сл. 22).
6 Почекајте приближно 2 минути за апаратот да ја заврши постапката. Кога ќе заврши постапката
Calc-Clean, пеглата ќе престане да дава звучен сигнал и индикаторот CALC-CLEAN ќе престане да
трепка (сл. 23).
7 Избришете ја пеглата со парче ткаенина и вратете ја на базната станица (сл. 24).
Внимание: пеглата е жешка.
8 Бидејќи садот Calc-Clean станува жежок при постапката Calc-Clean, почекајте прибл. 5 минути пред
да го допрете. Потоа однесете го садот Calc-Clean до мијалникот, испразнете го и складирајте го за
идна употреба (сл. 25).
9 Доколку е потребно, можете да ги повторите чекорите од 1 до 8. Не заборавајте да го испразните
садот Calc-Clean пред да ја започнете постапката Calc-Clean.
Забелешка: во текот на постапката Calc-Clean може да излезе чиста вода од грејната плоча,
доколку во внатрешноста на пеглата нема наталожен бигор. Тоа е нормално.
Повеќе информации за тоа како да ја извршите постапката Calc-Clean погледнете во видеозаписите
на следната врска: http://www.philips.com/descaling-iron.
Чистење на грејната плоча
Редовно чистете го апаратот за да го одржувате во добра состојба.
1 Чистете го апаратот со влажна крпа.
2 За лесно и ефективно да ги отстраните дамките, почекајте грејната плоча да се загрее и движете ја
пеглата преку влажна крпа (сл. 26).
Совет: редовно чистете ја грејната плоча за да обезбедите мазно движење.
Складирање
1 Исклучете го генераторот за пареа и извадете го приклучокот од штекер.
2 Истурете ја водата од резервоарот за вода во мијалникот (сл. 27).
3 Свиткајте го цревото за довод на вода. Замотајте го цревото за довод на вода во преградата за
чување на цревото за довод на вода и прицврстете го во куката за складирање (сл. 28).

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents