Philips PerfectCare Performer GC8755/80 User Manual page 115

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 3
Вертикално пеглање
Предупредување: пеглата испушта врела пареа. Никогаш не обидувајте се да отстранувате
набори од облека додека некој ја носи (сл. 13). Не применувајте пареа во близина на вашата
или туѓа рака.
Пеглата на пареа може да ја користите во вертикална положба за да ги отстраните наборите од
ткаенините поставени на закачалка.
1 Држете ја пеглата во вертикална положба, притиснете го копчето за пареа и нежно допрете ја
облеката со грејната плоча, па движете ја пеглата нагоре и надолу (сл. 14).
Безбедно спуштање
Спуштање на пеглата додека ја поместувате облеката
Додека ја поместувате облеката, пеглата можете да ја спуштите на подножјето или хоризонтално на
штицата за пеглање (сл. 2). Благодарение на технологијата OptimalTEMP, грејната плоча нема да ја
оштети навлаката на штицата за пеглање.
Заштеда на енергија
Режим Eco
Со користење на режимот ECO (намалена количина на пареа) можете да заштедите енергија без
компромиси во резултатот на пеглањето.
1 За да го активирате режимот ECO, притиснете го копчето ECO (сл. 15). Зелениот индикатор ECO ќе
се вклучи.
2 За да го деактивирате режимот ECO, повторно притиснете го копчето ECO. Зелениот индикатор
ECO ќе се исклучи.
Автоматско исклучување (само одредени модели)
-
За да се заштеди енергија, апаратот автоматски ќе се исклучи ако не го користите 5 минути.
Индикаторот за автоматско исклучување на копчето за вклучување/исклучување започнува да
трепка.
-
За повторно да го активирате апаратот, притиснете го копчето за вклучување/исклучување. Потоа
апаратот повторно почнува да се загрева.
Предупредување: никогаш не оставајте го апаратот без надзор кога е приклучен на
електричната мрежа. Секогаш исклучувајте го апаратот од штекер по користењето.
Чистење и одржување
Систем Smart Calc-Clean
Апаратот користи систем Smart Calc-Clean што овозможува редовно отстранување бигор и чистење.
Тоа помага во одржувањето силен млаз на пареа и спречува излегување на нечистотии и дамки од
грејната плоча со текот на времето. Генераторот за пареа редовно дава потсетници за да се изврши
постапката за чистење.
Звучен и светлосен потсетник за Calc-Clean
По 1 до 3 месеци користење, индикаторот Calc-Clean ќе почне да трепка и апаратот ќе почне да дава
звучен сигнал, што укажува на тоа дека е потребно да ја извршите постапката Calc-Clean (сл. 16).
Освен тоа, вграден е и втор систем за заштита на генераторот за пареа од бигор: функцијата за пареа
се оневозможува ако не се изврши постапката за отстранување бигор (сл. 17). Откако ќе се изврши
отстранувањето бигор, функцијата за пареа повторно ќе се овозможи. Ова се врши без оглед на
типот вода што се користи.
Македонски
117

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents