Подготовка На Мешавината; Полнење Гориво - Stiga BC 636 Series Operator's Manual

Hand-held powered brushcutter
Hide thumbs Also See for BC 636 Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 145
• со застанат уредот со сечивото, ставете
ја заштитата за сечивото (освен при
интервенција на самото сечиво);
• оставете моторот да се излади
пред да се остави машината
во која било просторија;
• носете соодветна облека, работни
чевли и заштитни очила.
• прочитајте ги соодветните упатства;
• Зачестеноста и висот на интервенција
се дадени во „Табелата за одржување"
(видете поглавје 13). Табелата го прикажува
опсегот што ќе ви помогне при одржување
на ефикасноста и безбедноста на
машината. Во неа се прикажани главните
интервенции и предвидените интервали
за секоја од ставките. Извршете ја
соодветната постапка пред првата појава.
• Употребата на резервни делови и
дополнителна опрема коишто не се
оригинални, може да доведе до несакани
ефекти врз работата и безбедноста на
машината. Производителот ја отфрла
сета одговорност во случај на штети или
повреди предизвикани од такви производи.
• Оригиналните резервни делови се
набавуваат во сервисните центри или
кај авторизираните застапници.
ВАЖНО Сите работи за одржување
и регулација коишто не се опишани во
ова упатство треба да се извршат кај
застапникот или во овластен сервис.
7.2 ПОДГОТОВКА НА МЕШАВИНАТА
Оваа машина има двотактен мотор
и работи на мешавина од бензин
и масло за подмачкување.
ВАЖНО Употребата на само
бензин се оштетува моторот и се
изнудува губење на гаранцијата.
ВАЖНО Користете само гориво и
подмачкувачи со висок квалитет за
одржување на машината и за да гарантирате
траење на механичките делови.
7.2.1 Карактеристики на бензинот
Користете само безоловен бензин (зелен
бензин) со број на октани не помал од 90 N.O.
ВАЖНО Зелениот бензин создава талог
во резервоарот ако се чува повеќе од два
месеци. Секогаш користете свеж бензин!
7.2.2 Карактеристики на маслото
Ставајте само синтетичко масло од врвен
квалитет, наменет за двотактни мотори.
Кај застапникот може да ги најдете
соодветните масла, создадени за
овој вид мотор, до оној степен кој
гарантира поголема заштита.
Користењето на овие масла дозволува
составување на една мешавина од
2,5%, што значи 1 дел масло се меша
со секои 40 дела од бензин.
7.2.3 Подготовка и конзервација
на мешавината
За подготовка на мешавината:
1. ставете во еден сад приближно
половина од количината бензин;
2. додајте го целото масло;
3. додајте го остатокот од бензинот;
4. затворете го капакот и
измешајте енергично.
ВАЖНО Мешавината подлежи
на стареење. Не подготвувајте
големи количини на мешавина зa да
се избегне формирање талог.
ВАЖНО Чувајте ги добро обезбедени
и идентификувани контејнерите со
мешавината и со бензинот за да се избегне
замена во моментот на користење.
ВАЖНО Од време навреме чистете ги
контејнерите за бензин и за мешавина за
да се отстранат евентуалните талози.
7.3 ПОЛНЕЊЕ ГОРИВО
Пред полнење:
1. протресете го енергично
резервоарот за мешавина;
2. поставете ја машината на рамна
површина, во стабилна позиција
со капачето на резервоарот за
мешавината одгоре (сл. 14.G).
ЗАБЕЛЕШКА На капачето за
резервоарот за мешавината (сл.
14.G) го има следниот симбол:
Резервоар за мешавина
MK - 15

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents