Совети За Работа; Застанување; По Работата; Редовно Одржување - Stiga BC 636 Series Operator's Manual

Hand-held powered brushcutter
Hide thumbs Also See for BC 636 Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 145
Во случај на сечење на мали дрвја,
предвидете го правецот на паѓање на
исеченото дрво, имајќи го во предвид
и правецот на дување на ветерот.
За да се постигне добар резултат при
сечење мали дрвја, потребно е сечењето
да се изведе со брзо движење кон
гранката или стеблото, а моторот да е
ставен во максимален број вртежи.
Избегнувајте работа од десна страна на
ножот бидејќи во оваа зона постои голем
ризик од противудар или заглавување на
сечивото имајќи ја предвид ротацијата (сл. 21).
6.4.2 Регулација на должината
на конецот од макарата
во текот на работата
Оваа машина е опремена со една макара со
полуавтоматско ослободување на конецот.
Должината на конецот од
макарата се регулира:
– кога конецот ќе се потроши
и ќе стане крт,
– кога има поголемо вртење на
моторот од нормалното,
– кога ќе забележите намалување
во ефикасноста на сечењето.
За да пуштите нов конец:
• потчукнете ја макарата со конецот
од теренот (сл. 22) со повлечена
рачка за забрзувачот;
• Конецот автоматски ќе се ослободи и
ножичките за сечење на конецот (сл. 27.A)
ќе ја отсечат прекумерната должина.
6.5 СОВЕТИ ЗА РАБОТА
Во текот на работата, треба да ја вадите
тревата што ќе се наталожи на машината за
да избегнете прегревање на моторот (сл. 1.A)
заради насобраната треба под заштитата
на уредот со сечивото (сл. 1.E.1, сл 1.E.2).
Постапете како што следи:
– застанете ја машината (пасус 6.6);
– Откачете го капачето на
свеќичката (сл. 14.H);
– носете ракавици за работа;
– отстранете ја тревата со шрафцигер за да
овозможите моторот правилно да се лади.
ЗАБЕЛЕШКА Во текот на првите 6-8
часа од работа на машината, користете
го моторот на максимум вртежи.
6.6 ЗАСТАНУВАЊЕ
За да ја исклучите машината:
• пуштете ја рачката за команда на
забрзувачот (сл. 14.B) и оставете го моторот
да работи со минимум вртежи уште малку;
• ставете го прекинувачот
(сл. 14.А) во позиција «O»;
• застанете го уредот за сечивото.
Штом ќе го ставите забрзувањето на
минимум, потребни се неколку секунди
пред да застане уредот за сечење.
ВАЖНО Застанете ја секогаш машината
при менување на локацијата на работа.
Моторот може да е многу врел
веднаш по гаснење. Не допирајте го.
Постои опасност од изгореници.
6.7 ПО РАБОТАТА
• Отстранете го капачето на свеќичката.
• Со застанат уред со сечивото,
ставете ја заштитата на сечивото.
• Оставете моторот да се излади пред да се
остави машината во која било просторија.
• Исчистете ја машината (пасус 7.4).
• Проверете дали деловите се разлабавени
или оштетени. Ако е потребно, заменете
ги оштетените делови и затегнете ги
разлабавените шрафови и навртки.
ВАЖНО Застанете ја машината
(пасус 6.6), отстранете го капачето
на свеќичката (сл. 14.H) и ставете ја
заштитата за сечивото секојпат кога
ја оставате машината без надзор.
7. РЕДОВНО ОДРЖУВАЊЕ
7.1 ОПШТО
ВАЖНО Безбедносните мерки што треба
да ги следите се дадени во
придржувајте се до тие упатства за да
избегнете сериозни ризици или опасности.
Пред да интервенирате на
кој било начин на машината:
• застанете ја машината;
• извадете го капачето на
свеќичката (сл. 14.H);
MK - 14
погл. 2. Строго

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents