Bosch GAL 1830 W-DC Professional Original Instructions Manual page 79

Hide thumbs Also See for GAL 1830 W-DC Professional:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 7
Изјава за сообразност
Тврдиме на наша одговорност, дека производот опишан
во „Технички податоци" е сообразен со сите релевантни
одредби на директивите 2011/65/EG и 1999/5/EU
вклучително и нивните промени, како и со следните
норми: EN 61558-1 :2005 + A1 : 2009,
EN 61558-2-16 : 2014, EN 60335-1:2012,
EN 60335-2-29:2004 + A2:2010, EN 62311:2008,
EN 13309: 2010, ISO 13766 : 2006, ISO 14982: 2009,
EN 50498: 2011, ETSI EN 301 489-1 V1.9.2 : 2011-09,
ETSI EN 301 489-3 V1.6.1 : 2013-08,
ETSI EN 300 330-1 V1.8.1 : 2015-03,
ETSI EN 300 330-2 V1.6.1 : 2015-03.
Техничка документација кај:
Robert Bosch GmbH, PT/ETM9,
70764 Leinfelden-Echterdingen, GERMANY
Henk Becker
Executive Vice President
Engineering
Robert Bosch GmbH, Power Tools Division
70764 Leinfelden-Echterdingen, GERMANY
Leinfelden, 01.07.2015
Употреба
Ставање во употреба
 Осигурете се дека приклучната кутија на
централната електроника е конструирана во
согласност со наведената влезна струја.
Приклучната кутија на централната електроника е
заштитена со осигурувач.
При користење на полначот на системите на централната
електроника ISO 4165, адаптерот 8 мора да се отстрани
(погледнете ја стрелката на сликата).
Доколку адаптерот 8 при извлекување на 12-V-
приклучокот 6 се олабави од 12-V-приклучна кутија и се
заглави, извлечете го адаптерот 8 со куките за влечење 7.
 За извлекување на заглавениот адаптер 8 користете
ги куките 7. Не користете метални предмети. Постои
опасност од краток спој.
Процес на полнење
Процесот на полнење започнува штом 12-V-приклучок 6
се стави во 12-V-приклучна кутија, доколку постои
наведениот влезен напон (стартува моторот на возилото)
и индуктивниот акумулатор 1 или електричниот уред со
акумулатор 1 (со долната страна на акумулаторот) се
постави на површината за полнење 5.
Процесот на полнење започнува само доколку
капацитетот на батеријата е помал од 85 – 90 %. Ова го
продолжува векот на употреба на батеријата.
Поради интелигентниот процес на полнење, веднаш се
препознава состојбата на наполнетост на батеријата и ќе
Bosch Power Tools
Helmut Heinzelmann
Head of Product Certification
PT/ETM9
биде наполнета со оптималниот капацитет во зависност од
температурата и напонот на батеријата.
Така се негува батеријата и при чување во полначот
постојано е наполнета.
Значење на елементите на приказот
Трајно светло за приказ на режим на приправност
(зелено) 2
Континуираното светло на зелениот Standby-
приказ 2 сигнализира, дека постои потребниот
влезен напон и полначот е подготвен за
користење.
Трепкав приказ на состојбата на наполнетост 3
Процесот на брзо полнење се
сигнализира со трепкање на
соодветните зелени LED-светла на
приказот за состојба на наполнетост 3.
Откако ќе се наполни батеријата, зеленото трепкаво
светло се менува во зелено трајно светло.
Батеријата може да се извади и користи во било кое
време. Доколку сите пет LED-светла прикажуваат зелено
трајно светло, батеријата е целосно наполнета.
Трајното светло за приказ на грешка (црвено) 4
Трајното светло на црвениот приказ за грешка
4 сигнализира, дека температурата на
акумулаторот е надвор од дозволените граници
на температура на полнење, види дел „Технички
податоци". Веднаш штом се постигнат дозволените
граници на температура, полначот се префрла автоматски
на брзо полнење.
Трепкаво светло за приказ на грешка (црвено) 4
Трепкавото светло на црвениот приказ на
грешка 4 сигнализира друга пречка на процесот
на полнење, види дел „Дефект – Причини и
помош".
Совети при работењето
Полначот се комбинира со претворач на напон 9, кој 12-V-
напон на инсталацијата го претвора во 290-V-напон.
Претворачот на напон 9 го контролира напонот на
батеријата во возилото. Тој е конципиран така што го
вклучува полначот додека работи моторот одн. при напон
на инсталацијата > 13 V (+/- 0,3 V). При исклучен мотор
одн. напон на инсталацијата < 13 V (+/- 0,3 V) полначот
автоматски се вклучува по период од 3 минути.
Бидејќи полначот на стартер батеријата повлекува струја,
доколку не се полни акумулаторот (празен од), при подолг
период на некористење треба да се раздели од струјната
мрежа.
При континуирани или последователни циклуси на
полнење без прекин, полначот може да се затопли. Ова е
безопасно и не значи дека постои технички дефект на
полначот.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека
батеријата е потрошена и мора да се замени.
Македонски | 79
1 609 92A 18P | (29.6.15)

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents