Download Print this page

Philips PerfectCare PSG9030/20R1 User Manual page 237

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 4
Пеглање со интелигентниот автоматски режим на пареа
Апаратот се испорачува со интелигентна автоматска пареа благодарение
на сензорската технологија DynamiQ што препознава како и кога се движи
пеглата. Кога ќе го вклучите апаратот, овој режим ќе биде активиран
според зададените поставки (сл. 12). Во комбинација со технологијата
ActiveSense, пеглата автоматски ќе применува соодветна количина на
пареа во зависност од вашите движења и видот на ткаенината без потреба
да го користите копчето за пареа.
Во интелигентниот автоматски режим на пареа, пареата излегува
автоматски кога ја движите пеглата и запира кога ќе престанете да ја
движите пеглата (сл. 13). Сè уште можете да го притиснете копчето за пареа
во овој режим за да ја активирате пареата кога пеглата не се движи.
Забелешка: заради ваша безбедност, во интелигентниот автоматски
режим на пареа, пареата престанува кога ќе се подигне пеглата.
Проверете дали штицата одговара на големината и тежината на
генераторот за пареа.
Пеглање во рачен режим
Во текот на пеглањето, можете рачно да ја контролирате количината на
пареа со исклучување на интелигентниот автоматски режим на пареа.
-
За да излезете од интелигентниот автоматски режим на пареа,
притиснете го копчето за интелигентна автоматска пареа (сл. 14). Ќе се
исклучи индикаторот за интелигентна автоматска пареа. Треба да го
притиснете копчето за пареа за да продолжите со пеглањето.
-
Во рачниот режим, технологијата ActiveSense сè уште автоматски ќе
ги приспособува температурата и количината на пареа за различни
ткаенини, но треба да го притиснете копчето за пареа за да го
активирате испуштањето пареа.
Предупредување: никогаш не насочувајте ја пареата кон луѓе.
Забелешка: за најдобри резултати на крути ткаенини, како што се
памук, лен и џинс, држете го притиснато копчето за пареа додека ја
движите пеглата преку ткаенината (сл. 15). Потоа поминете со пеглата
преку истото место уште неколку пати без пареа за да ја исушите
ткаенината.
Забелешка: за најдобри резултати на свилени и сјајни синтетички
ткаенини, ви препорачуваме да го држите притиснато копчето за пареа
додека пеглате.
МАКЕДОНСКИ
239
12
13
14
15

Advertisement

loading

This manual is also suitable for:

Perfectcare 9000 series