Download Print this page

Philips PerfectCare PSG9030/20R1 User Manual page 236

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 4
МАКЕДОНСКИ
238
Забелешка: при првата употреба, за да добиете оптимални перформанси ви препорачуваме
да ја ставите пеглата на штицата за пеглање пред да го вклучите апаратот.
Од основата на производот ќе се слуша звук поради пумпањето на вода за создавање пареа.
Индикатор „предупредување за ниско ниво на вода"
Кога резервоарот за вода е речиси празен, индикаторот „предупредување за ниско ниво на вода"
ќе почне да трепка. Наполнете го резервоарот за вода и притиснете го копчето за пареа за да
апаратот повторно се загрее. Кога индикаторот „пеглата е подготвена" ќе почне постојано да
свети, можете да продолжите да пеглате со пареа.
Употреба на апаратот
Технологија ActiveSense
Вашиот апарат се испорачува со првата технологија во светот за препознавање
ткаенина ActiveSense. Таа работи врз основа на вештачка интелигенција што ги
препознава ткаенините при пеглањето со вградена камера, приспособувајќи ги
идеалната температура и количината на пареа автоматски. Можете и да ја оставите
пеглата на штицата за пеглање без ризик од изгореници.
9
10
11
Технологијата ActiveSense ви овозможува да ги пеглате сите видови
на ткаенина кои може да се пеглаат, во кој било редослед, без
приспособување на поставката за температура на пеглата.
Индикаторот „пеглата е подготвена" може постојано да свети во сина
или бела боја, што одговара на нивото на потребната температура/
пареа (нормално и високо за соодветниот индикатор), врз основа на
препознаената ткаенина.
Ткаенините со овој симбол може да се пеглаат (сл. 9), на пример лен,
памук, полиестер, свила, волна, вискоза и вештачка свила.
Забелешка: немојте да пеглате врз отпечатените слики, дури и ако
ткаенината околу нив може да се пегла.
За одредена деликатна ткаенина и завршна обработка (на пример:
антилоп, кадифе, ткаенина од метални влакна, пулејки), ви препорачуваме
да применувате пареа од мало растојание над облеката.
Ткаенините со овој симбол не може да се пеглаат (сл. 10). Такви ткаенини
се синтетичките ткаенини, како што е спандексот или еластанот,
ткаенините што содржат спандекс и полиолефините.
Во текот на пеглањето, можете да ја спуштите пеглата на подножјето или
хоризонтално на штицата за пеглање. Благодарение на технологијата
ActiveSense, грејната плоча нема да ја оштети навлаката на штицата за
пеглање (сл. 11).
Забелешка: може да се забележи малку пареа кога пеглата е во
мирување подолг временски период. Ова е нормално бидејќи е
дел од системскиот процес што овозможува грејната плоча да е на
соодветната температура во текот на мирувањето. Во текот на овој
процес, индикаторот „пеглата е подготвена" ќе пулсира во сина боја.
Забелешка: сведете го допирањето на предниот дел на пеглата на
минимум бидејќи ќе се загрее.

Advertisement

loading

This manual is also suitable for:

Perfectcare 9000 series