Download Print this page

Philips PerfectCare PSG9030/20R1 User Manual page 235

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 4
Вовед
Ви честитаме за купувањето и добре дојдовте во Philips! За да ја искористите целосната поддршка
што ја нуди Philips, регистрирајте го вашиот производ на www.philips.com/welcome.
Пред да го користите апаратот внимателно прочитајте ја брошурата со важни информации и
упатството за користење. Зачувајте ги двата документа за идни потреби.
Преглед на производот (сл. 8)
1
Црево за довод на пареа
2
Копче за пареа
3
Копче за интелигентна автоматска пареа
4
Индикатор „пеглата е подготвена"
5
Грејна плоча
6
Камера ActiveSense
7
Подножје за пеглата
8
Копче за отпуштање на бравата за носење
9
Отвор за полнење
10 Отстранлив резервоар за вода
11 Преграда за чување на цревото за довод на пареа
12 Преграда за чување на кабелот
13 Кабел за напојување со приклучок
14 Регулатор EASY DE-CALC
15 Копче за вклучување/исклучување со индикатор
16 Предупредување за бигор
17 Индикатор за поставката за пареа MAX
18 Индикатор „предупредување за ниско ниво на вода"
Подготовка за употреба
Тип вода што треба да ја користите
Овој апарат е предвиден да се користи со вода од чешма. Меѓутоа, ако живеете во подрачје со
тврда вода, може да дојде до брзо таложење на бигор. Поради тоа се препорачува користење
на дестилирана или деминерализирана вода (може да се користи и мешавина од 50 %
деминерализирана/дестилирана вода и обична вода) за да се продолжи векот на траење на
апаратот.
Предупредување: не користете парфимирана вода, вода од машина за сушење алишта, оцет,
штирак, средства за отстранување бигор, адитиви за пеглање, вода која е хемиски исчистена
од бигор или други хемикалии, затоа што може да предизвикаат нагло исфрлување на вода,
појава на кафени дамки или оштетување на апаратот.
Подготовка на производот
Наполнете го резервоарот за вода пред секое користење или кога ќе почне да трепка индикаторот
„предупредување за ниско ниво на вода". Резервоарот за вода можете да го дополните во секое
време при користењето.
1 Извадете го резервоарот за вода од апаратот и наполнете го со вода до ознаката MAX.
2 Вратете го резервоарот за вода во апаратот така што прво ќе го вметнете долниот дел.
3 Туркајте го горниот дел на резервоарот за вода сè додека не легне на место („клик").
Вметнете го приклучокот во заземјен ѕиден штекер и притиснете го копчето за вклучување/
исклучување за да го вклучите генераторот за пареа. Почекајте индикаторот „пеглата е
подготвена" да почне постојано да свети. Кога апаратот ќе биде подготвен, ќе слушнете и краток
звучен сигнал.
МАКЕДОНСКИ
237

Advertisement

loading

This manual is also suitable for:

Perfectcare 9000 series