Дополнителна Опрема - Skil 3590 Original Instructions Manual

Cordless sliding mitre saw
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
поддршка. Ако отсеченото парче или работното
парче се превртат, може да го подигнат долниот
штитник или да бидат исфрлени од страна на
ротирачкото сечило.
Не користете друго лице како замена за
екстензија на масата или како дополнителна
поддршка. Нестабилната поддршка за работното
парче може да предизвика свиткување на сечилото
или поместување на работното парче за време на
сечењето, повлекувајќи ве вас и помошникот кон
ротирачкото сечило.
Отсеченото парче не смее да се заглави или
притисне на кој било начин врз ротирачкото
сечило на пилата. Доколку е ограничено, т.е. се
употребуваат граничници на должината, отсеченото
парче може да се заглави на сечилото и насилно да
се исфрли.
Секогаш користете стегач или прицврстувач
дизајниран за правилно да поддржува кружен
материјал како што се шипки или цевки.
Прачките имаат тенденција да се тркалаат додека се
сечат, што предизвикува сечилото да „гризе" и да ја
повлече работата со вашата рака кон сечилото.
Оставете го сечилото да достигне целосна
брзина пред да дојде во контакт со работното
парче. Ова ќе го намали ризикот од отфрлање на
работното парче.
Ако се заглави работното парче или сечилото,
исклучете ја пилата за косо сечење. Почекајте
сите подвижни делови да застанат и исклучете
го приклучокот од изворот на напојување и/
или извадете ги батериите. Потоа ослободете
го заглавениот материјал. Продолженото сечење
со заглавено работно парче може да предизвика
губење на контролата или оштетување на пилата за
косо сечење.
По завршувањето на сечењето, отпуштете го
прекинувачот, држете ја главата на пилата
надолу и почекајте сечилото да застане пред
да го извадите отсеченото парче. Опасно е да
посегнувате со раката во близина на сечилото кое не
запрело до крај.
Држете ја рачката цврсто кога правите
нецелосен засек или кога го отпуштате
прекинувачот пред главата на пилата да
биде целосно во положба надолу. Дејството
на сопирање на пилата може да предизвика
главата на пилата ненадејно да се повлече надолу,
предизвикувајќи ризик од повреда.
ДОПОЛНИТЕЛНИ БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
ОПШТИ
Користете го алатот само за сечење дрво
Не стојте на алатот или на неговиот држач
Може да дојде до сериозни повреди ако алатот е
навален или ако дојде до случаен контакт со алатот
за сечење. Не чувајте материјали врз алатот или во
нејзината близина на начин на кој е неопходно тие
да стојат на алатот или на нејзиниот држач за да се
дофатат.
Секогаш отстранете ги батериите од алатот пред
да направите какво било прилагодување или
замена на некој додаток
Секогаш отстранувајте ги батериите од
алатот пред да ја транспортирате пилата за
косо сечење. Извадете ги батериите, спуштете
го надолу склопот на главата и заклучете го во
положба, употребете ја рачката за носење и едно од
вдлабнатините за рацете во основата на пилата.
Не оставајте ја алатката додека целосно не запре
Кога сечете работни парчиња со неправилна
форма, планирајте ја вашата работа така што тие
нема да се лизнат и да го зафатат сечилото и да
ви се оттргнат од раката
Овој алат не треба да го користат лица под 16 години
Оваа алатка не е погодна за влажно сечење
ПРЕД УПОТРЕБА
Носете заштитни очила, штитници за уши и заштитни
ракавици
Прашината од материјали како боја која содржи
олово, некои видови дрво, минерали и метали, може
да биде штетна за здравјето (контактот со прашината
или нејзиното вдишување може да предизвика
алергиски реакции и/или болести на дишните
органи за оној кој работи со алатот или луѓето во
близина); носете маска за прашина и работете со
правосмукалки доколку можете да ги поврзете
Некои видови на прашина се канцерогени (како
на пример прашината од даб или бука), особено
заедно со адитиви за одржување на дрвото; носете
маска за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
Следете ги националните барања кои се однесуваат
на прашина за материјалите со кои сакате да
работите
Не обработувајте никаков материјал кој содржи
азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак)
Никогаш не користете го алатот без оригиналниот
систем за заштита
Проверете дали штитникот е добро затворен пред
секоја употреба
Не вклучувајте ја пилата ако штитникот не се движи
слободно и не се затвора веднаш
Никогаш не стегајте го или врзувајте го штитникот во
отворена положба
Никогаш не користете го алатот без влошка за
основата; заменете неисправна или истрошена
влошка за основата
Отстранете ги сите пречки на врвот и под патеката
за сечење пред да започнете со сечење
Избегнувајте оштетувања од штрафови, шајки и
други предмети во работното парче; тргнете ги пред
да почнете со работа
ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА
Никогаш не користете дискови за мелење/сечење со
овој алат
SKIL може да осигури непречено функционирање
на алатката само доколку се користи соодветна
дополнителна опрема која може да се добие од
вашиот продавач на SKIL
За монтирање/употреба на дополнителна опрема
која не е на SKIL , почитувајте ги упатствата на
соодветниот производител
Користете само сечила за пила, кои одговараат на
наведените податоци во ова упатство за употреба
или се проверени и означени според EN 847-1
Користете само дополнителна опрема чија
дозволена брзина е во најмала рака еднаква на
најголемата брзина при празен од на алатот
Никогаш не користете сечила за пила изработени од
челик со голема брзина (HSS)
217

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents