Дополнителна Опрема - Skil 3571 Original Instructions Manual

Cordless circular saw
Hide thumbs Also See for 3571:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
c) Долниот штитник би требало да се вовлече
рачно само за посебни засеци како што се
„засеци со заронување" и „сложени засеци".
Подигнете го долниот штитник со рачката за
вовлекување и штом сечилото ќе влезе во
материјалот, долниот штитник мора да се ослободи.
За сите други видови на сечење, долниот штитник
треба да работи автоматски.
d) Секогаш внимавајте долниот штитник да го
покрие сечилото пред да ја спуштите пилата на
клупа или на подот. Незаштитено сечило во празен
од ќе предизвика пилата да се повлече наназад,
сечејќи се што е на нејзиниот пат. Бидете свесни за
времето потребно сечилото да престане откако ќе се
ослободи прекинувачот.
ДОПОЛНИТЕЛНИ БЕЗБЕДНОСНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
ОПШТИ
Овој алат не треба да го користат лица под 16 години
Овој алат не е погоден за влажно сечење
Не обработувајте никакви работни материјали
кои содржат азбест (азбестот важи за
предизвикувач на рак)
Прашината од материјали како боја која содржи
олово, некои видови дрво, минерали и метали, може
да биде штетна за здравјето (контактот со прашината
или нејзиното вдишување може да предизвика
алергиски реакции и/или болести на дишните
органи за оној кој работи со алатот или луѓето во
близина); носете маска за прашина и работете со
правосмукалки доколку можете да ги поврзете
Некои видови на прашина се канцерогени (како
на пример прашината од даб или бука), особено
заедно со адитиви за одржување на дрвото; носете
маска за прашина и работете со правосмукалка
доколку можете да ја поврзете
Следете ги националните барања кои се однесуваат
на прашина за материјалите со кои сакате да
работите
Не ја користете оваа пила во комбинација со основа
за пила
Отстранете ја батеријата од алатот пред секое
подесување или промена на дополнителната опрема
ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА
SKIL може да осигури беспрекорно функционирање
на алатот само доколку е користена оригинална
дополнителна опрема
Користете само сечила за пила, кои одговараат на
наведените податоци во ова упатство за употреба
или се проверени и означени според EN 847-1
Користете само дополнителна опрема чија
дозволена брзина е во најмала рака еднаква на
најголемата брзина при празен од на алатот
Користете само сечила за пили со минимален
дијаметар од 184 мм, со максимален дијаметар од
184 мм и отвор на вретеното од 16 мм
Никогаш не користете сечила за пила изработени од
челик со голема брзина (HSS)
Никогаш не користете дискови за мелење/сечење со
овој алат
ПРЕД УПОТРЕБА
Избегнувајте оштетувања од штрафови, шајки и
други предмети во работното парче; тргнете ги пред
да почнете со работа
Пред да почнете со сечење, отстранете ги сите
пречки на и под местото каде сечете
Зацврстете го работното парче (работно парче кое
е зацврстено со стеги или во менгеме е побезбедно
отколку да го држите со раце)
Користете соодветни детектори за наоѓање на
скриени инсталации или повикајте соодветна
компанија за помош (контактот со електричните
линии може да доведе до струен удар; оштетувањата
во гасоводна цевка може да резултираат со
експлозија; пенетрирањето во водоводна
инсталација може да доведе до оштета на предмети
или електричен удар)
ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА
Нивото на бучава при работа може да надмине 85
dB(A); носете штитници за уши
Никогаш не користете го алатот без оригиналниот
систем за заштита
Не се обидувајте да пресечете исклучително мали
работни парчиња
Не работете со алатката над главата
Во случај да дојде до заглавување или електричен
или механички дефект, веднаш исклучете го алатот и
отстранете ја батеријата
ПО УПОТРЕБА
Исклучете го моторот пред да го спуштите алатот и
проверете дали сите подвижни делови се комплетно
застанати
Откако ќе ја исклучите кружната пила, никогаш не
запирајте ја ротацијата на сечилото на пилата со
примена на странична сила врз неа
БАТЕРИИ
Обезбедената батерија е делумно наполнета (за
да се обезбеди целосен капацитет на батеријата,
целосно наполнете ја батеријата во полначот на
батеријата, пред за првпат да го употребите вашиот
електричен алат)
Користете ги исклучиво следниве батерии и полначи
со овој алат
- Батерија SKIL: BR1*31****
- Полнач SKIL: CR1*31****
Оштетената батерија не треба и понатаму да се
користи; треба да се замени
Не расклопувајте ја батеријата
Никогаш не изложувајте ги на дожд алатот/
батеријата
Дозволена температура на околината (алатка/
полнач/батерија):
- при полнење 4...40°C
- при работа -20...+50°C
- при складирање –20...+50°C
ОБЈАСНУВАЊЕ НА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ/
БАТЕРИЈАТА
3 Пред употреба прочитајте го прирачникот за
употреба
4 Батериите може да експлодираат ако се изложат на
оган, па затоа никако не палете ја батеријата
5 Секогаш чувајте ги алатот/полначот/батеријата на
места со температура пониска од 50°C
6 Не фрлајте ги електричните алати и батериите
заедно со домашниот отпад
УПОТРЕБА
171

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents