Stiga MP 84 Series Operator's Manual page 470

Ride-on lawnmower with seated operator
Hide thumbs Also See for MP 84 Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 222
Исклучете го уредот со сечивото и 
подигнете ја плочата со уредот со 
сечивото на највисоката положба:
– При менување на локацијата на работа
– При преминување на терени 
каде нема трева
– Секојпат кога треба да поминете 
преку некоја пречка.
6.5.5 Совети за одржување
убав тревник
1. За да одржувате тревник со убав 
изглед, зелен и мек, потребно е редовно 
косење. Тревникот може да се состои 
од повеќе видови трева. Со често 
косење, најмногу растат треви коишто 
развиваат многу корени и формираат 
солидна тревна покривка. Во спротивно, 
ако косењето се одвива поретко, 
претежно се развиваат високи треви 
и коров (детелина, маргаритки и сл.)
2. Секогаш се претпочита да се коси 
тревата кога тревникот е сув.
3. Уредот со сечивото треба да е 
интегрирано и добро наострено за 
да може сечењето да биде уредно 
и без шаренила коишто доведуваат 
до пожолтување наместа.
4. Моторот треба да работи со максимален 
број вртежи за да се обезбеди 
уредно косење на тревата и да се 
постигне постигнување на покосената 
трева кон каналот за исфрлање.
5. Зачестеноста на косење треба да 
се координира со растот на тревата, 
избегнувајќи при тоа тревата да 
нарасне премногу меѓу две косења.
6. Во периоди кога времето е студено 
и врнежливо, тревата треба да се 
одржува делумно висока за да се 
намали сушење на теренот.
7. Оптималната висина на тревата на добро 
одржуван тревник е околу 4-5 см и во 
едно косење не треба да се оди повеќе 
од една третина од вкупната висина. 
Ако тревата е многу висока, подобро 
е да косите на двапати, со растојание 
од еден ден. Првиот пат со уредот со 
сечивото на максимална висина или 
евентуално само малку спуштено, а 
вториот пат на саканата висина (сл. 21).
8. Тревникот ќе има поубав изглед ако 
косењето се изведува наизменично 
во два правци (сл. 22).
9. Ако каналот за исфрлање има 
тенденција да се натрупува, подобро е 
да се намали брзината на движење во 
согласност со условите на тревникот. 
Ако проблемот опстојува, проблемот 
најверојатно е предизвикан заради 
лошо наострено сечиво или профилот 
на крилцата е деформиран.
10. Многу внимавајте на косењето кога 
има грмушки и во близина на ниски 
рабови коишто може да ги оштетат 
рамнотежата и работ на плочата со уредот 
со сечивото и на уредот со сечивото.
6.5.6 Истурете ја вреќата за
собирање (само кај модели
со задно собирање)
ЗАБЕЛЕШКА Празнењето на вреќата
за собирање се извршува само кога уредот
со сечивото е исклучен. Во спротивен
случај, треба да се застане моторот.
• Не оставајте вреќата за собирање 
да се преполни за да избегнете 
затнување на насочувачот. 
• Звучен сигнал посочува да ја 
испразните вреќата за собирање:
1. исклучете го уредот со сечивото 
(пасус 5.8) и сигналот ќе се исклучи,
2. ставете ја командата за 
забрзувачот во позицијата за 
минимален режим "желка",
3. застанете го движењето и ставете 
во лер (пасус 5.5; пасус 5.7);
4. активирајте ја сопирачката 
за мирување;
5. застанете го моторот;
6. извлечете ја рачката (сл. 23 
- ако е предвидена) или фатете 
го задниот ракофат (сл. 23.A1) 
и превртете ја вреќата за 
собирање за да ја испразните;
7. затворете ја вреќата за собирање, но 
да остане закачена на куката (сл. 23.B).
6.5.7 Чистење на каналот за
исфрлање (само кај модели
со задно собирање)
• Косење на мокра или висока трева заедно 
со многу голема брзина може да доведат 
до затнување на каналот за исфрлање. Во 
случај на затнување, треба да постапите 
како што е дадено во поглавје 7.4.2.
6.5.8 На крајот на косењето
Кога ќе завршите со косењето:
1. исклучете го уредот со сечивото;
2. намалете го бројот на вртежи на моторот
3. возете во рикверц со подигната 
плоча со уредот со сечивото 
на највисоката положба.
MK - 16

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Mp 98 seriesSd 98 seriesSd 108 series

Table of Contents