Stiga MP 84 Series Operator's Manual page 458

Ride-on lawnmower with seated operator
Hide thumbs Also See for MP 84 Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 222
– Не раздвојувајте ги насилно. 
Внимавајте кога се движите наназад:
– Ставете контратегови или 
тегови на тркалата ако така се 
препорачува во упатството,
• Обрнете внимание кога користите 
вреќи за собирање коишто може да 
ја сменат стабилноста на машината, 
а особено на закосени терени.
• Секогаш држете ги рацете и нозете 
подалеку од уредот со сечивото, 
особено при палење на моторот и 
додека работите со машината..
• Внимание: делот со сечивото 
продолжува да се врти уште неколку 
секунди откако ќе се исклучи или 
откако ќе го изгаснете моторот.
• Не ставајте повеќе од еден уред со 
сечиво на плочата бидејќи уредот со 
ротирачко сечиво може да ја попречи 
ротацијата на другото сечиво.
• Секогаш стојте оддалечено 
од отворот за празнење.
• Не допирајте ги деловите на моторот 
што се загреваат во текот на 
работата. Ризик од опекотини.
• За да го избегнете ризикот од пожар, 
не оставајте ја машината во висока 
треба кога работи моторот.
 Во случај на дефект или инциденти 
во текот на работата, веднаш исклучете 
го моторот и оддалечете ја машината 
внимавајќи да не предизвикате други 
оштетувања. Во случај на инцидент со 
лична повреда или повреда на трето лице, 
пристапете веднаш кон постапката за давање 
најсоодветна прва помош за дадената 
состојба и обратете се во соодветен центар за 
здравствена заштита за неопходно лекување. 
Отстранете ги темелно сите остатоци 
од косењето што може да предизвикаат 
дефект или повреди на лица или животни 
ако останат незабележано во машината.
Ограничување при употреба
• Никогаш не користете ја машината со 
оштетена заштита, кога таа не е поставена 
или не е правилно поставена (вреќа 
за собирање, заштита на страничниот 
испуст, заштита на задниот испуст).
• Не користете ја машината ако 
дополнителната/помошната опрема 
не се поставени на дадените точки. 
• Не исклучувајте, дезактивирајте или 
вадете ги манометарот и безбедносните 
системи/микропрекинувачи.
• Не изложувајте ја машината на 
непотребни сили и не користете 
мала машина за изведување тешки 
работи; адекватно користење на 
машината го намалува ризикот и го 
подобрува квалитетот на работата.
• Машината не е наменета за употреба на 
јавни патишта. Таквата употреба (согласно 
Законот за патишта) треба да се одвива 
само во приватни реони без сообраќај.
2.4 ОДРЖУВАЊЕ, ОДЛОЖУВАЊЕ
Редовно одржувајте и правилно одложете 
ја машината за да ја одржите безбедноста 
на машината и нивото на работа.
Одржување
• Никогаш не користете ја машината 
со користени или оштетени делови. 
Оштетените или дефектните делови треба 
да се  заменат, никогаш да не се поправаат.
• За да го намалите ризикот од пожар, 
редовно проверувајте дали има 
пролеано масло и/или гориво.
• Во текот на операциите за регулирање 
на машината, обрнете внимание и 
избегнувајте прстите да ви се наоѓаат 
заглавени во уредот со сечивото во 
движење и фиксните делови на машината.
Дадените нивоа за бучава и вибрации 
во ова упатство се максимални вредности 
при употреба на машината. Употребата на 
елемент за косење којшто не е стабилен, 
движењето со преголема брзина, 
неодржувањето на машината, значително 
влијаат врз емисијата на бучава или 
вибрации. Затоа, неопходно е да применувате 
заштитни мерки за да елиминирате можни 
оштетувања заради зголемена бучава или 
значителни вибрации. Редовно одржувајте 
ја машината, носете слушалки против 
бучава и правете паузи во работата. 
Одлагање
• Никогаш не чувајте ја машината со 
гориво во резервоарот во просторија 
каде испарувањата од горивото 
може да допрат до отворен пламен, 
искра или до извор на топлина.
• За намалување на ризикот од оган, 
не оставајте полни контејнери 
во затворен простор. 
2.5 ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Заштитата на животната средина 
треба да се извршува релевантно и 
приоритетно при употреба на машината 
во корист на граѓанските погодности 
и на просторот во кој живееме. 
MK - 4

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Mp 98 seriesSd 98 seriesSd 108 series

Table of Contents