Навртки И Завртки; Дополнително Одржување; Безбедносни Препораки; Склоп На Сечило - Stiga T 92 Series Operator's Manual

Ride-on lawnmower with seated operator
Hide thumbs Also See for T 92 Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 260
7.6.4 Чистење на склопот на сечилото
 Луѓето или животните 
држете ги подалеку при чистење 
на склопот на сечилото. 
a. Чистење на внатрешниот дел
Отстранете ги сите остатоци од трева 
или нечистотија од внатрешноста на 
склопот на сечилото, во спротивно може 
да се исушат и стврднат, и да го отежнат 
следното стартување на косилката. 
При миење на внатрешноста на склопот на 
сечилото и каналот за исфрлање, косилката 
мора да биде на цврста површина со:
– соодветно монтирана корпа за трева и 
обезбедувач за задно исфрлање(само
за модели со задно собирање)
– монтиран канал за странично 
исфрлање(само за модели со
странично исфрлање);
– седнат оператор;
– склопот на сечилото во позиција «1»;
– мотор во движење
– брзината е во лер
– активирано сечило
• Како алтернатива, поврзете црево со 
вода за односната спојка (сл. 35.А), така 
што водата неколку минути ќе поминува 
низ сечилото додека е во движење.
ВАЖНО За да не ја намалите ефикасноста
на електромагнетната спојка:
- не дозволувајте спојката да
дојде во контакт со маслото;
- не насочувајте млаз со вода под висок
притисок директно кон спојката;
- не ја чистете спојката со гориво.
b. Чистење на надворешниот дел
Не дозволувајте да се соберат 
остатоци од ѓубре и исушена трева во 
горниот дел на склопот на сечилото, 
за да се задржи највисоко ниво на 
ефикасност и заштита на косилката. 
За чистење на горниот дел на 
склопот на сечилото:
• целосно спуштете го склопот 
на сечилото (позиција «1»);
• насочете го воздушниот млаз 
преку отворите на левите и 
десните обезбедувачи (сл. 36).
7.7
НАВРТКИ И ЗАВРТКИ
• Прицврстете ги сите навртки и завртки, 
за да се осигурате дека опремата на 
косилката е безбедна за користење.
8. ДОПОЛНИТЕЛНО ОДРЖУВАЊЕ
8.1 БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕПОРАКИ
Во случај на дефекти на 
долунаведените делови, мора да одите 
до Овластениот сервисен центар, или 
да го контактирате вашиот Дилер:
- на сопирачката
- функции за активирање и 
деактивирање на сечилото
- менување во предна 
брзина или рикверц.
8.2 СКЛОП НА СЕЧИЛО
8.2.1 Подесување на склопот
на сечилото
Склопот на сечилото треба соодветно 
да се подеси за рамномерно 
косење на тревникот (сл. 37).
При нерамномерно косење, проверете 
го притисокот во гумите (пас. 6.1.3).
Доколку ова не е доволно за рамномерно 
косење, контактирајте го вашиот Дилер 
за подесување на склопот на сечилото.
8.2.2 Сечило
Несоодветно наострено сечило 
ја корне тревата и доведува до 
пожолтување на тревникот.
Сите активности околу сечилото 
(расклопување, острење, балансирање, 
поправка, повторно монтирање и/или 
замена) се сложени работи, и за нив се 
потребни посебни вештини, и соодветни 
алати. Од безбедносни причини, овие 
работи треба да се извршат од страна 
на Овластениот сервисен центар.
Секогаш менувајте ги оштетените, 
извитканите или изабените сечила, 
заедно со навртките и завртките, за да 
се осигурате дека ќе се услогласат.
ВАЖНО Ви препорачуваме замена
на сите сечила истовремено, особено
во случај не нерамномерно абење.
MK - 25

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents