Општи Информации; Безбедносни Мерки - Stiga T 92 Series Operator's Manual

Ride-on lawnmower with seated operator
Hide thumbs Also See for T 92 Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 260
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
1.1
СОДРЖИНА НА УПАТСТВО
Во ова упатство одредени поглавја 
содржат важни информации за 
безбедноста, и за функционалноста 
и се нагласени на следниот начин:
ЗАБЕЛЕШКА или ВАЖНО обезбедуваат
детали, или други информации за она
што е претходно наведено, за да се
избегне оштетување на косилката.
Симболот 
 посочува на опасност. 
Непочитувањето на мерките за 
претпазливост доведува до можност 
за лични, или повреди на трети 
лица, или до појава на штета.
Пасусите означени со квадратче и 
сиви точки посочуваат на опционални 
карактеристики коишто не се присутни 
кај сите модели дадени во ова упатство. 
Проверете дали таа карактеристика 
е присутна кај дадениот модел.
Сите упатувања за позицијата на 
косилката, „напред", „назад", „десно" 
и „лево" се дадени во однос на 
работната позиција на операторот.
1.2 УПАТУВАЊА
1.2.1 Слики
Сликите во ова упатство за употреба 
се нумерирани со 1, 2, 3 и сл.
Деловите прикажани на сликите се 
означени со буквите А, Б, В и сл.
Упатувањето за делот В на сликата 
2 е изразено со: „Видете на сл. 2. В", 
или едноставно „(слика 2.В)".
Сликите служат само како пример. 
Вистинските делови може да се 
разликуваат од оние на сликата.
1.2.2 Наслови
Упатството е поделено на поглавја и пасуси. 
Насловот на пасус „2.1 Обука" е поднаслов 
на „2. Безбедносни мерки". Упатувањата 
за насловите или пасусите се означени со 
кратенки погл. или пас., и со соодветниот 
број. Пример: „погл. 2" или „пас. 2.1"
2. БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ
2.1 ОБУКА
Запознајте се со командите и 
правилната употреба на косилката. 
Научете како брзо да го запирате 
моторот. Непридржувањето кон 
предупредувањата, и кон упатството, 
може да предизвика настанување на 
пожар и/или сериозни повреди. 
• Никогаш не дозволувајте деца да 
ја употребуваат косилката, или 
други лица што не се запознаени 
со основните упатства. Локалните 
законски регулативи ја одредуваат 
старосната граница на операторот.
• Никогаш не ја користете косилката 
доколку сте уморни или изнемоштени, 
или доколку сте користеле лекови, дрога, 
алкохол или други штетни супстанци 
што ги намалуваат рефлексите, и ја 
загрозуваат способноста за расудување.
• Не е дозволено деца или други луѓе 
да управуваат со косилката. 
• Имајте предвид дека операторот е 
одговорен за незгодите или опасноста 
по други лица, или нивниот имот. Во 
опсегот на одговорности на операторот 
спаѓа и проценката на можните ризици 
на површината што се обработува, 
затоа преземете ги сите неопходни 
безбедносни мерки за да ја гарантирате 
својата, но и безбедноста на другите, 
особено на закосени, нерамни, 
лизгави или нестабилни површини.
• Доколку ја продадете или изнајмите 
косилката на други лица, проверете 
дали операторот ги почитува 
насоките дадени во ова упатство.
2.2 ПОДГОТОВКА
Систем за лична заштита (СЛЗ)
• Носете соодветна облека, работни 
чевли со ѓон против лизгање, и 
долги пантолони. Не ракувајте со 
косилката со боси нозе или отворени 
сандали. Носете заштита за уши.
• Употребата на заштитните слушни 
апарати може да ја намали способноста 
на корисникот да ги слушне 
предупредувањата (звучните сигнали). 
Постојано набљудувајте го просторот 
во, и околу работната област.
• Никогаш не носете марами, маици, 
ланчиња, алки, лелеава облека, врвци 
MK - 2

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents