Промена На Предни / Задни Тркала - Stiga T 92 Series Operator's Manual

Ride-on lawnmower with seated operator
Hide thumbs Also See for T 92 Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 260
ВАЖНО Секогаш користете
оригинално сечило, на кое е наведен
кодот од „Технички податоци".
Со оглед на развојот на производот, сечилото 
наведено во табелата во делот за „Технички 
податоци", може да се замени навреме со 
друго сечило со слични карактеристики.
8.3 ПРОМЕНА НА ПРЕДНИ
/ ЗАДНИ ТРКАЛА
8.3.1 Подготовка
ВАЖНО Користете соодветен уред за
подигање, на пример дигалка со ножици.
Пред да ги менувате гумите, 
извршете ги следните постапки:
• Извадете ги сите додатоци.
• Поставете ја косилката на цврста и рамна 
површина, каде ќе биде стабилна.
• Активирајте ја паркинг сопирачката 
• Исклучете го моторот;
• Извадете го клучот;
• Поставете ја дигалката во висина 
на гумата што треба да се замени 
(пас. 8.3.2; пас. 8.3.3).
• Проверете дали дигалката е соодветно 
поставена на површината.
8.3.2 Избор и поставување на
дигалката на задните тркала
Поставете неколку дрвени клинови (сл. 38.A) 
на основата на тркалото (сл. 38.Б) веднаш до 
тркалото што треба да се промени (сл. 38.В).
За модели со задно собирање:
• Максималната можна висина на 
затворена дигалка е 110 mm. (сл. 39).
• Поставете ја дигалката под 
задниот граничник (сл. 40.А), на 
180 mm од страничниот раб.
За модели со странично исфрлање:
• Максималната можна висина на 
затворена дигалка е 110 mm. (сл. 41).
• Поставете ја дигалката под 
задната оска, во позицијата 
дадена на приказот (сл. 42.А).
ЗАБЕЛЕШКА Во оваа позиција,
дигалка ќе ја подигне само гумата
што треба да се промени.
8.3.3 Избор и поставување на
дигалката на предните тркала
1. Поставете неколку дрвени клинови 
(сл. 43.A) на основата на тркалото 
(сл. 43.Б) зад тркалото што треба 
да се замени (сл. 43.В).
2. Максималната можна висина на 
затворена дигалка е 110 mm.
ЗАБЕЛЕШКА Изберете ја позицијата на
дигалката, во зависност од типот на косилка.
3. Поставете ја дигалката под предниот 
дел на косилката (сл. 44.A, 45.A, 46.A), 
како што е прикажано на сликата.
ЗАБЕЛЕШКА Дигалката мора
да биде поставена под рамниот
дел на држачот (сл. 44.Б, 45.Б).
ЗАБЕЛЕШКА Дигалката мора да
биде поставена под централниот
дел на држачот (сл. 46.Б).
8.3.4 Промена на гумата
ВАЖНО Проверете дали косилката
е стабилна и цврсто поставена во текот
на дигањето. Ако забележите нешто
невообичаено, веднаш спуштете ја дигалката,
проверете и отстранете ги можните дефекти,
и повторно подигнете ја косилката.
1. Извадете ја церадата (сл. 47.A) 
пред да ја подигнете косилката.
2. Подигнете ја доволно, за да можете 
лесно да го извадите тркалото.
3. Со помош на шрафцигер, извадете 
го еластичниот прстен (сл. 47.Б) 
и потпорниот мутер (сл. 47.В).
4. Извадете го тркалото што 
треба да се промени.
5. Премачкајте ја осовината со средство 
за подмачкување (сл. 47.Г).
6. Монтирајте го резервното тркало.
7. Внимателно вратете ги потпорниот 
мутер и еластичниот прстен.
8. Ставете го тркалото на земја, и 
вратете ја церадата (сл. 47.A).
ВАЖНО Проверете дали задните тракала
се на иста висина (сл. 48.A), и дали разликата
на надворешниот дијаметар меѓу двете
тркала (сл. 48.Б) не е поголема од 8-10 mm. Во
спротивно, за да се избегне нерамномерно
косење, склопот на сечилото мора да се
подеси во Овластениот сервисен центар.
MK - 26

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents