Проверка, Дополнување И Испуштање - Stiga T 92 Series Operator's Manual

Ride-on lawnmower with seated operator
Hide thumbs Also See for T 92 Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 260
7.3 ПРОВЕРКА, ДОПОЛНУВАЊЕ
И ИСПУШТАЊЕ НА
МОТОРНОТО МАСЛО
ВАЖНО Почитувајте ги мерките
на претпазливост дадени во
прирачникот за моторот.
Прочитајте го прирачникот за
моторот, за да дознаете кој тип на
масло треба да се користи.
7.3.1 Контрола / дополнување
Проверете го нивото на 
масло пред секоја употреба. 
Постапка:
• Уверете се дека косилката е подигната 
пред извршување на проверката.
• Проверете го нивото на маслото: согласно 
упатствата во прирачникот за моторот, 
нивото на маслото треба да биде помеѓу 
МИН и МАКС на мерачот (сл.. 32).
Не преполнувајте бидејќи тоа 
може да доведе до прегревање на 
моторот. Ако нивото е над знакот за 
"МАКС", испуштајте го маслото додека 
не го достигнете точното ниво.
7.3.2 Испуштање
За да се осигурате дека косилката правилно 
работи, и за да се гарантира долг работен 
век, ви препорачуваме редовна промена 
на моторното масло, како што е наведено 
во Упатството дадено со моторот.
Моторното масло може да биде 
многу врело ако се испушти веднаш по 
запирањето на моторот. Затоа, оставете 
го моторот да се олади неколку минути 
пред да го испуштите маслото.
Менувајте го моторното масло 
според интервалите наведени 
во упатството на моторот. 
Постапете како што следи:
• Тип „I"
1. Поставете ја косилката 
на рамна површина.
2. Поставете соодветен сад за собирање 
под продолжното црево (сл. 33.А).
3. Цврсто држете го продолжното 
црево (сл. 33.А) и одвртете го 
чепот за испуштање (сл. 33.Б).
4. Соберете го маслото во соодветен сад.
5. Повторно ставете го чепот (сл. 33.Б) и 
осигурете се дека заптивката се наоѓа 
во соодветна позиција (сл. 33.В).
6. Цврсто држете го продолжното црево, 
и зашрафете докрај (сл. 33.А).
7. Исчистете ги остатоците 
од истекувања.
• Тип „II"
1. Поставете ја косилката 
на рамна површина.
2. Поставете соодветен сад под 
продолжното црево (сл. 33.Г).
3. Откачете го продолжното црево (сл. 
33.Г) од држачите (сл. 33.Д), и потоа 
со помош на клешти, олабавете ја 
спојницата (сл. 33.Ѓ) сè додека не 
успеете да го извлечете чепот (сл. 33.Е).
4. Наведнете го продолжното црево 
и испуштете го маслото во садот.
5. Повторно ставете го чепот (сл. 33.Е) 
и повторно закачете го продолжното 
црево (сл. 33.Г) за држачот (сл. 33.Д) 
пред да го наполните со масло.
6. Исчистете ги остатоците 
од истекувања.
• Тип „III"
1. Поставете ја машината на рамно.
2. Ставете соодветен сад под 
продолжното црево (сл. 33.A);
3. Прицврстете ги завртките (сл. 33.B);
4. Ослободете го продолжното црево 
од држачот со виткање надолу;
5. Навалете го продолжното црево и 
испуштете го маслото во соодветен сад.
6. Повторно ставете го продолжното 
црево (сл. 33.А) на држачот (сл. 
33.C) пред да ставите масло.
7. Исчистете ги остатоците 
од истекувања.
ВАЖНО Исфрлете го маслото
согласно локалните закони.
MK - 23

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents