Stiga T 92 Series Operator's Manual page 547

Ride-on lawnmower with seated operator
Hide thumbs Also See for T 92 Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 260
Начин на работа
• Додека управувате со косилката, 
бидете сконцентрирани.
• Обрнете внимание кога одите во 
рикверц. Погледнете зад вас, за да 
бидете сигурни дека нема никакви 
пречки додека работите во рикверц.
• Обрнете особено внимание кога влечете 
товар, или користите тешка опрема:
– Користете соодветна кука за влечење 
со повеќе точки на поврзување, 
само при процес на влечење;
– Ограничување на товарот за 
безбедност при управување;
– Не свртувајте нагло. Внимавајте 
при движење во рикверц
– Користете противтежа/и 
секогаш кога ќе биде наведено 
во упатството за употреба.
• Обрнете внимание кога користите корпа 
за трева, и додатоци што може да ја 
променат стабилноста на косилката, 
особено на стрмни површини.
• Тргнете ги рацете и нозете подалеку 
од сечилото, при стартување и 
при користење на косилката.
• Внимание: сечилото ќе продолжи 
да ротира неколку секунди по 
исклучување на моторот.
• Внимавајте на склопот на сечила со 
повеќе ножеви, бидејќи ротирањето 
на сечилото може да предизвика 
ротација и на другите ножеви.
• Држете растојание од 
отворот за исфрлање.
• Не допирајте ги деловите на моторот 
што се загреваат во текот на 
работата. Ризик од изгореници.
• За да го избегнете ризикот од пожар, 
не оставајте ја косилката во висока 
трева додека моторот уште работи.
 Во случај на дефект или незгода во текот 
на работата, веднаш исклучете го моторот, 
и оддалечете ја косилката за да спречите 
дополнителни штети Во случај на лична 
повреда, или повреда на трето лице, пружете 
прва помош и побарајте медицинска помош. 
Внимателно отстранете ги сите остатоци од 
косењето што може да предизвикаат штета, 
или повреди на лицата или животните.
Ограничена употреба
• Никогаш не ракувајте со косилката 
кога обезбедувачите се оштетени, 
нецелосни или неправилно монтирани 
(корпа за трева, обезбедувачи за 
странично исфрлање, обезбедувачи 
за задно исфрлање)
• Не ја користете косилката ако 
дополнителната/помошната опрема не 
е поставена во соодветните лежишта. 
• Никогаш не ги исклучувајте, отстранувајте 
и не експериментирајте со инсталираните 
безбедносни системи/микро прекинувачи.
• Не ги менувајте поставките на 
регулаторот на моторот, и не користете 
прекумерна брзина. Прекумерната 
брзина го зголемува ризикот од повреда 
на операторот и на други лица.
• Не ја оптеретувајте косилката, и не 
користете мала косилка за тешки 
работи. Користењето на соодветна 
косилка го намалува ризикот и го 
подобрува квалитетот на работата.
• Косилката не е наменета за употреба 
на јавни патишта. Мора да се користи 
(согласно Законот за патишта) само на 
приватни површини, каде нема сообраќај.
2.4 ОДРЖУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ
Редовно одржувајте и правилно складирајте 
ја косилката, за да ја одржите безбедноста и 
перформансот на косилката на високо ниво.
Одржување
• Никогаш не користете ја косилката 
со изабени или оштетени делови. 
Оштетените или изабените 
делови треба да се заменат, и 
никогаш да не се поправаат.
• За да го намалите ризикот од пожар, 
редовно проверувајте дали има 
истечено масло и/или гориво.
• Бидете внимателни при подесување на 
косилката, за да не ги заглавите прстите 
помеѓу подвижните и фиксните делови. 
Дадените нивоа за бучава и вибрации 
во ова упатство се максимални вредности 
при употреба на косилката. Употребата 
на ненивелирано сечило, прекумерната 
брзина на движење, или нередовното 
одржување, имаат големо влијание врз 
емисиите на бучава и вибрации. Затоа, 
неопходно е да применувате заштитни 
мерки за да ги елиминирате можните 
оштетувања заради зголемена бучава или 
вибрации. Редовно одржувајте ја косилката, 
носете заштита за уши и правете паузи. 
Складирање
• Никогаш ја складирајте косилката со 
гориво во резервоарот, во просторија 
каде испарувањата од горивото 
може да допрат до отворен пламен, 
искра или до извор на топлина.
MK - 4

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents