Чистење; Навртки И Шрафови За Фиксирање - Stiga MCS 470 Li 60 Series Operator's Manual

Pedestrian-controlled walk-behind battery powered lawn mower
Hide thumbs Also See for MCS 470 Li 60 Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 105
Автономијата на батеријата (што значи
обработена површина тревник пред повторно
полнење) вообичаено е условена со:
a.
Факторите во средината на работа
коишто предизвикуваат најголема
потрошувачка на батеријата:
– Косење на густа, висока, влажна трева.
b.
Количината на косење, колку е
поголема количината, толку е поголемо
трошењето на батеријата.
c.
Однесувањето на операторот
кој треба да избегнува:
– Често палење и гаснење во текот на работата.
– Премногу ниска поставеност на висината
на косење во однос на тревата.
– Премногу голема брзина на движење во
однос на тревата што треба да се покоси.
ЗАБЕЛЕШКА За време на работата,
батеријата е заштитена од комплетно празнење
преку заштитниот уред кој што ја исклучува
машината и ја блокира работата.
За да се зголеми автономијата на
батеријата, секогаш треба:
– Да се коси тревата кога тревникот е сув.
– Да се коси тревата често за да не
достигне преголема висина.
– Да се постави најдобрата висина за косење
кога тревата е многу висока и да се спроведе
уште едно косење на нископоставена висина.
– Да не се користи машината со функцијата
„сечкање" кога тревата е многу висока.
Во случај кога сакате да ја користите
машината за многу долга работа и
користите стандардна батерија, може:
– Да набавите втора стандардна батерија за да
ја замените веднаш потрошената батерија
без да треба да ја прекинувате работата.
– Да набавите батерија со поголема автономија во
однос на стандардната батерија (пасус 15.1).
7.2.2
Исклучување и полнење на батеријата
1.
Отворете го капакот за пристап до отворот за
батеријата и извадете го безбедносниот клуч
(сл.13.A).
2.
Притиснете го крилцето поставено
на отворот за батеријата (сл.13.B) и
извадете ја батеријата (сл.13.C).
Вметнете ја батеријата (сл.14.A) на своето
3.
место во полначот за батеријата (сл.14.B).
4.
Поврзете го полначот на батерии во извор
на ел. енергија со соодветен напон како
оној што е посочен на етикетата.
5.
Секогаш полнете ја до крај следејќи
ги упатствата дадени во упатството за
батеријата/полначот за батеријата.
ЗАБЕЛЕШКА Батеријата се доставува со
заштита што го прекинува полнењето ако
температурата во средина не е меѓу 0 и +45 °C.
ЗАБЕЛЕШКА Батеријата може да се полни во секој
момент, дури и делумно без ризик од оштетување.
7.2.3
Повторно поставување на
батеријата во машината
Кога полнењето е завршено:
1.
Извадете ја батеријата од нејзиното место во
полначот за батеријата (избегнете да ја држите за
местото под полначот).
2.
Исклучете го полначот на батеријата
од довод на ел. енергија.
3.
Отворете го капакот за пристап до
просторот за батеријата (сл.8.A)
4.
Ставете ја батеријата (сл.8.B) на своето место
притискајќи ја до крај додека не слушнете
звук на кликнување што ја прицврстува на
место и обезбедува електричен контакт.
5.
Вметнете го безбедносниот клуч (сл.8.C).
6.
Затворете ја докрај вратичката.
7.3
ЧИСТЕЊЕ
Исчистете ја машината по секоја употреба
следејќи ги следните упатства.
7.3.1
Чистење на машината
• Секогаш проверувајте дали отворите за вентилација
се ослободени од остатоци од косењето.
• Не полевајте вода и избегнувајте мокрење на
моторот и на електричните делови (сл.15).
• Не користете абразивни течности
за чистење на куќиштето.
• За намалување на ризикот од запалување,
одржувајте ги тревокосачката и машината,
а особено моторот од остатоци од трева,
листови и прекумерно масло.
7.3.2
Чистење на плочата со
уредот со сечивото
Отстранете ги остатоците од трева и кал што се
наталожиле од внатрешната страна на куќиштето
за да избегнете тие да предизвикаат потешкотии
при подоцнежно палење заради исушување.
Закосете ја машината на страна и проверете
дали машината е стабилна пред да
направите каква било интервенција.
Лакот од внатрешниот дел на куќиштето може да
отпадне заради абразивното дејство на покосената
трева. Во тој случај, треба спремно да интервенирате
со премачкување лак против 'рѓосување за да се
спречи создавање 'рѓа која го кородира металот.
7.4
НАВРТКИ И ШРАФОВИ ЗА ФИКСИРАЊЕ
Одржувајте ги шрафовите и навртките
затегнати за да бидете сигурни дека
машината е секогаш безбедна за работа.
MK - 9

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents