Општо; Како Да Се Чита Упатството; Насоки; Општи Безбедносни Предупредувања - Stiga AM 98 Li 48 V1 Operator's Manual

Riding rotary lawn mower
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 247
1. ОПШТО
1.1
КАКО ДА СЕ ЧИТА УПАТСТВОТО
Во ова упатство одредени поглавја содржат
информации со одредена важност во однос
на безбедноста и на функционалноста и се
евидентирани на различни начини согласно овој
критериум:
ОПАСНОСТ
Непочитувањето на предупредувањето доведува
до ситуација на непосреден ризик, што ако не
се избегне, ќе предизвика моментална смрт или
сериозна или трајна штета.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Непочитувањето на предупредувањето доведува до
ситуација на можен ризик, што ако не се избегне,
може да предизвика смрт или сериозна штета по
здравјето.
ВНИМАНИЕ
Непочитувањето на предупредувањето доведува до
ситуација на можен ризик, што ако не се избегне, би
можел да предизвика мали оштетувања на машината.
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Дава упатства што се однесуваат на употребата за
однесување потребно за справување со практики кои
не се поврзани со физички повреди.
УПАТСТВО ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Дава упатство што се однесува на специфични
постапки што треба да се следат во случај на
ситуации што го загрозуваат здравјето на луѓето или
безбедноста на машините.
ЗАБЕЛЕШКА
Дава дополнителни информации за упатствата на
претходните безбедносни пораки.
Пасусите означени со квадратче со рамка и сиви
точки посочуваат на изборни одлики коишто
не се присутни кај сите модели дадени во ова
упатство. Проверете дали таа одлика е присутна
кај дадениот модел.
Сите индикации „напред", „назад", „десно" и „лево"
се дадени во однос на позицијата за работа на
операторот.
1.2
НАСОКИ
1.2.1
Слика
Сликите во ова упатство за употреба се нумерирани
со 1, 2, 3 и така натаму.
Компонентите посочени на сликите се означени со
буквите А, B, C и така натаму.
Насоката за компонентата C на сликата 2 се означува
со изразот: „Видете на сл. 2. C", или поедноставно
„(Сл. 2.C)".
Сликите се само за пример. Вистинските делови
може да се разликуваат во однос на оние на сликата.
1.2.2
Наслови
Упатството е поделено на поглавја и пасуси. Насловот
на пасус „2.1 Обука" е заменето со „2. Безбедносни
мерки". Насоките за насловите или пасусите се
означени со кратенки погл. или пас. и со соодветниот
број. Пример: „погл. 2" или „пас. 2.1"
2. ОПШТИ БЕЗБЕДНОСНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
2.1
ОПШТИ БЕЗБЕДНОСНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
ВНИМАНИЕ
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања,
сите упатства, сите илустрации и спецификации
испорачани со оваа машина. Непридржувањето
кон упатствата дадени во продолжение може да
предизвика електричен удар, изгореници и/или
сериозни повреди.
Сочувајте ги предупредувањата заедно со
упатството за идна консултација.
Терминот „електричен апарат" наведен во
предупредувањето се однесува на вашата машина со
напојување на електричната мрежа (со кабел) или со
напојување на батерии (без кабел).
1) Обезбедување на работната средина
a) Одржувајте ја работната средина чиста и
добро осветлена. Несредените или слабо
осветлени области полесно доведуваат до
несреќи.
b) Не користете ја електричната машината
во средина каде постои ризик од
експлозија, на пример во присуство на
запаливи материи, гасови или нечистотија.
Електричните делови предизвикуваат искри
што може да ги запалат нечистотиите или
испарувањата.
MK - 2

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Am 108 li 48 v2Am 125 li 48 v3

Table of Contents