Струјно Коло; Замена На Осигурувач; Замена На Сијаличките - Stiga T 92 Series Operator's Manual

Ride-on lawnmower with seated operator
Hide thumbs Also See for T 92 Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 260
8.3.5 Поправка и замена на гумите
Промената или поправката на дупната гума 
мора да се врши од страна на специјализиран 
центар за поправка на гуми, според 
постапката за типот на гума што се користи.
8.4 СТРУЈНО КОЛО
Струјното коло е дел што се наоѓа под 
контролната табла, што управува со сите 
безбедносни уреди на косилката.
Струјното коло е опремено со 
самоактивирачки уред за заштита кој ја 
прекинува работата на колото во случај 
на дефект на електричниот систем; 
кога косилката ќе се преврти, моторот 
прекинува да работи и почнува да 
произведува звучен сигнал, што може да 
се деактивира само со вадење на клучот.
Колото повторно ќе се активира по 
неколку секунди; детектирајте ја/
ги и отстранете ја/ги причината/те за 
настанување на дефектот за да спречите 
понатамошни прекини во работата.
ВАЖНО За да избегнете активирање на
уредот за заштита на електронската плоча:
– не го менувајте местото на
половите на акумулаторот;
– не ја вклучувајте косилката без
акумулатор, ова може да предизвика
неправилна работа на регулаторот
на полначот на акумулаторот;
– избегнувајте краток спој.
8.5 ЗАМЕНА НА ОСИГУРУВАЧ
На косилката има неколку 
осигурувачи (сл. 49.A) со различна 
моќност и функции. Поточно:
– 10 A осигурувач = ги заштитува 
примарното и струјното коло, така што 
во случај на прегорување, косилката 
запира и светлото на контролната 
табла се исклучува (пас. 5.16)
– 25 A осигурувач = за заштита на 
колото за полнење на акумулаторот. 
Кога ќе прегори, акумулаторот 
полека се празни, и косилката 
нема да може да се стартува.
– 5 A осигурувач = го заштитува 
дополнителниот приклучок за 
напојување 12 V за додатоци.
– 15 A осигурувач = ја штити командата 
на моторното коло, во случај 
на прегорување се деактивира 
електричниот систем за празнење 
на вреќата на корпата за трева; 
во вакви услови, можете да ја 
испразните вреќата со употреба 
на рачката (доколку е вградена).
Моќноста на осигурувачот е 
наведена на самиот осигурувач.
ВАЖНО Прегорениот осигурувач мора
да се замени со осигурувач од ист тип, и
со иста јачина, не смее да се замени со
осигурувач со различни карактеристики.
Доколку не ја знаете причината за 
прегорувањето на осигурувачот, 
контактирајте го вашиот Дилер.
8.6 ЗАМЕНА НА СИЈАЛИЧКИТЕ
8.6.1 Тип „I" - Сијалички
• Сијаличките (18W) се прицврстени 
на фасонка и се вадат со вртење 
обратно од стрелките на часовникот 
со помош на клешта (сл. 50).
8.6.2 Тип „II" - ЛЕД-сијалички
• Одвртете ја прстенестата навртка (сл. 
51.A) и извадете го конекторот (сл. 
51.Б). Извадете ја ЛЕД-сијаличката (сл. 
51.В), фиксирана со завртки (сл. 51.Г).
8.6.3 Тип „III" - LED сијалички
(за TNS, THNS модели)
1. Подигнете ја хаубата и извадете 
го конекторот (сл. 52.A).
2. Извадете го клинот (сл. 52.Б) и 
странично лизгајте ја хаубата.
3. Извадете ги каблите на LED сијаличките 
(сл. 53.A), одвртете ги завртките (сл. 53.Б) 
и извадете ја сијаличката (сл. 53.В).
4. Подигнете и извадете го горниот 
дел од хаубата (сл. 54.A).
5. Одвртете ги завртките (сл. 
55.А) и заменете ги предните 
LED светла (сл. 55.Б).
6. За замена на хаубата, повторете 
ја горенаведената постапка 
по обратен редослед.
MK - 27

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents