Монтирање На Вреќата На Корпата За; Монтирање На Рачката За Празнење; Монтирање На Страничните; Обезбедувачи На Склопот На Сечилото - Stiga T 92 Series Operator's Manual

Ride-on lawnmower with seated operator
Hide thumbs Also See for T 92 Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 260
• Браник тип „I"
• Браник тип „II"
1. Намонтирајте го предниот браник 
(сл. 8.А) на долниот дел од 
рамката (сл. 8.Б) со користење 
на четири завртки (сл. 8.В).
4.8 МОНТИРАЊЕ НА ВРЕЌАТА
НА КОРПАТА ЗА ТРЕВА
• За TC модел
1. Прво соберете ја рамката, со 
поврзување на горниот дел (сл. 9.A) со 
долниот дел (сл. 9.Б), со користење на 
дадените навртки и завртки (сл. 9.В) 
како што е објаснето.
Поставете ги аголните плочи 
(сл. 9.Г) и (сл. 9.Д), соодветно 
на десното (R⇑) левото (L⇑) 
порамнување, и прицврстете ги за 
рамката со користење на четири 
саморезни навртки (сл. 9.Ѓ).
2. Само за модели со функција за
електрично празнење: Монтирајте 
ги двата валјака (сл. 9.Е) на 
потпорните клинови (сл. 9.Ж), и 
уверете се дека корпата е насочена 
кон држачот, и прицврстете ја 
со помош на еластични прстени 
(сл. 9.З). Потоа, прицврстете ги 
држачите за предната рамка 
(сл. 9.Б) со користење на 
навртки и завртки (сл. 9.Ѕ).
3. Вметнете ја рамката во платнениот 
капак (сл. 9.И), безбедно поставувајќи 
ја околу основата. Прикачете ги 
различните пластични профили на 
отворот на рамката со користење 
на шрафцигер (сл. 9.Ј).
4. Вметнете ја рачката (сл. 9.К.) преку 
отворите на капакот (сл. 9.Л), и 
прицврстете ги дадените подсклопови 
за рамката со користење на завртки 
(сл. 9.Љ), како што е наведено, и 
задните саморезни завртки (сл. 9.М).
5. Монтирајте ја напречната шипка за 
затегнување (сл. 9.Н) под рамката 
со користење на навртки и завртки 
(сл. 9.Њ), така што рамниот дел 
да биде завртен кон платното. 
Вметнете ја рачката за празнење 
(сл. 9.О) во куќиштето и ставете ја 
завртката за прицврстување (сл. 
9.П) со дадените навртки (сл. 9.Р).
• TS-TX-TH модели
Завршете ја монтажата на корпата за 
трева како што е опишано во упатството 
дадено заедно со деловите.
4.9 МОНТИРАЊЕ НА РАЧКАТА
ЗА ПРАЗНЕЊЕ НА
КОРПАТА ЗА ТРЕВА
Поставете ја рачката (сл. 10.А) така што 
ќе влезе во жлебот во двете плочки, (сл. 
10.Б) и прицврстете ја за внатрешниот 
дел од држачите на вреќата на корпата 
за трева (сл. 10.В) со користење на 
навртки и завртки (сл. 10.Г) согласно 
редоследот даден на сликата.
Поврзете го крајниот дел од 
клипот за подигнување (сл. 10.Д) 
со рачката, (сл. 10.Ѓ) со помош на 
клин (сл. 10.Е) и монтирајте ги двата 
еластични прстена (сл. 10.Ж).
Пред монтирање на вреќата на 
корпата за трева на своите држачи, 
уверете се дека рачките за празнење 
правилно се придвижуваат.
4.10 МОНТИРАЊЕ НА СТРАНИЧНИТЕ
ОБЕЗБЕДУВАЧИ НА СКЛОПОТ
НА СЕЧИЛОТО (ДОКОЛКУ ИМА)
Монтирајте ги безбедносните плочи 
(сл. 11.A) со користење на дадените 
завртки (сл. 11.Б) и навртки (сл. 
11.В), во согласност со инструкциите 
дадени за секој тип на косилка.
4.11 СКЛОП НА КАНАЛ ЗА
СТРАНИЧНО ИСФРЛАЊЕ
(САМО ЗА МОДЕЛИ СО
СТРАНИЧНО ИСФРЛАЊЕ)
1. Монтирајте го прицврстувачот (сл. 
12.Б)  од внатрешната страна на 
корпата за странично исфрлање, 
(сл. 12.А) со вметнување на 
терминалот (сл. 12.Б.1) во дупката, 
и завртете до крај, така што 
и прицврстувачот (сл. 12.Б) и 
терминалот (сл. 12.Б.2) да бидат 
безбедно поставени во куќиштата.
MK - 9

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents