Прекинувач За Палење; Команда За Гас; Паркинг Сопирачка; Прекинувач За Предни Светла - Stiga T 92 Series Operator's Manual

Ride-on lawnmower with seated operator
Hide thumbs Also See for T 92 Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 260
1. Активиран погон:
за сите намени, при 
движење и косење.
2. Деактивиран погон:
рачното придвижување на 
косилката е полесно кога 
моторот е исклучен.
ВАЖНО За да избегнете оштетување
на погонската единица, вршете ја
оваа активност само кога моторот
е исклучен и кога педалите (сл.
13.Б, 13.В, 14.Б, 14.В) се во лер.
• Само за 4WD модел
Косилката може лесно да се 
придвижи наназад, дури и ако 
задниот погон е отпуштен.
5.5 ПРЕКИНУВАЧ ЗА ПАЛЕЊЕ
Клучот овозможува вклучување/
исклучување на косилката
Има три позиции (сл. 15.A):
1. Стоп позиција. Косилката 
веднаш се исклучува.
2. Позиција на палење. Сите 
функции се активни.
3. Позиција на стартување. Го 
вклучува моторот за стартување 
на косилката. Кога ќе го 
ослободите клучот од позицијата 
за стартување, тој автоматски се 
враќа во позицијата на палење.
5.6 КОМАНДА ЗА ГАС
Го регулира бројот на вртежи на моторот.
Во зависност од типот на мотор, 
има два типа команди за гас:
A. Тип „I" со засебна команда за
пригушувач(Сл. 15.Б + Сл. 15.В)
B. Тип „II" (Сл. 15.Б)
Прикажаните позиции соодветствуваат со:
1. Команда на пригушувачот -
Стартување во ладни временски
услови. (доколку е вграден) Оваа 
команда се користи за стартување 
на моторот кога е студено. 
Позицијата „CHOKE" (пригушувач) 
ја зајакнува мешавината, и 
треба да се користи само кога 
е навистина неопходно.
2. Максимална брзина на моторот.
Се користи секогаш кога треба 
да се запали косилката, додека е 
вклучена, и при косење на трева.
3. Минимална брзина на моторот.
Се користи кога моторот е доволно 
загреан во период на мирување.
ЗАБЕЛЕШКА При придвижување од
едно на друго место, поставете ја рачката
во позиција помеѓу „бавно" и „брзо".
ЗАБЕЛЕШКА Некои модели се опремени
со систем што автоматски ја контролира
положбата на пригушувачот во карбураторот
при палење на моторот и загревање.
5.7 ПАРКИНГ СОПИРАЧКА
Паркинг сопирачката го спречува 
движењето на паркирана косилка. 
Оваа сопирачка има две позиции 
(сл. 15.Г) соодветни на:
1. Сопирачката не еактивирана. За 
отпуштање на паркинг сопирачката, 
притиснете ја педалата (сл. 
13.A, 14.A). Рачката се враќа во 
позиција за деактивирање.
2. Активирана сопирачка.
За активирање на паркинг 
сопирачката, притиснете ја 
педалата најсилно што можете 
(сл. 13.А, 14.А) и придвижете 
ја рачката до позиција за 
активирање на сопирачката. Кога 
ќе ја тргнете ногата од педалата, 
рачката на сопирачката ќе се 
блокира во најниската положба.
5.8
ПРЕКИНУВАЧ ЗА ПРЕДНИ СВЕТЛА
Ова копче (сл. 15.Д) се користи 
за контрола на предните светла, 
кога копчето (сл. 15.А) е во 
положба «ВКЛУЧЕНО».
MK - 11

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents