Монтирање На Управувачот; Монтирање На Седиштето; Монтирање И Поврзување На; Монтирање На Држачите На Корпата - Stiga T 92 Series Operator's Manual

Ride-on lawnmower with seated operator
Hide thumbs Also See for T 92 Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 260
– придвижете го склопот на сечилото 
до неговата максимална висина (пас. 
5.11) за да избегнете оштетување 
во моментот кога ќе ја спуштите 
косилката од платформата на земја
– Спуштете ја косилката од 
платформата на земја. 
5. Придвижете ја рачката за 
возење нанапред до позицијата 
за ослободување (пас. 5.4).
4.2 МОНТИРАЊЕ НА УПРАВУВАЧОТ
1. Поставете ја косилката на 
рамна површина, и исправете 
ги предните тркала.
2. Со употреба на шрафцигер, извадете 
го централниот поклопец (сл. 
3.Б) од управувачот (сл. 3.А).
3. Монтирајте го управувачот (сл. 3.А) на 
испакнатото вратило (сл. 3.В), ротирајте 
го така што шпицовите ќе бидат свртени 
кон седиштето, и потоа притиснете го така 
што главчината на управувачот ќе се спои 
со испакнатиот дел од клинот (сл. 3.Г).
4. Прицврстете го управувачот со завртка 
(сл. 3.Д) и дадените подлошки (сл. 3.Ѓ) 
e (сл. 3.Е) по наведениот редослед.
5. Целосно зацврстете ја завртката (сл. 
3.Д) со употреба на насаден клуч.
6. Повторно вратете го капакот на 
управувачот (сл. 3.Б) така што ќе 
се вметне на соодветното место.
4.3 МОНТИРАЊЕ НА СЕДИШТЕТО
Рачката на регулаторот повлечете ја 
нагоре (сл. 4.В) и повлечете го седиштето 
(сл. 4.А) кон означеното место (сл. 4.Б) 
од страната на управувачот, додека не 
кликне на една од шесте позиции.
Во оваа фаза седиштето е безбедно 
монтирано, и не може повторно 
да се отстрани без притискање на 
рачката за ослободување (сл. 4.Г).
4.4 МОНТИРАЊЕ И ПОВРЗУВАЊЕ
НА АКУМУЛАТОРОТ
Акумулаторот (сл. 5.А) е сместен 
под седиштето и е прицврстен 
со пружина (сл. 5.В).
1. Поврзете го прво црвениот кабел (сл. 
5.В) за позитивниот пол, (+) и потоа 
црниот кабел (сл. 5.Г) со негативниот 
пол (-) со помош на доставените 
шрафови како што е посочено. 
2. Монтирајте ја пружината за 
прицврстување на акумулаторот (сл. 
5.Б), осигурувајќи се дека каблите 
се правилно поставени во предниот 
дел на акумулаторот, така што да не 
притискаат на пружината (сл. 5.Б).
ВАЖНО Секогаш целосно полнете
го акумулаторот согласно упатствата
во прирачникот на акумулаторот.
ВАЖНО За да не се исклучи заштитниот
уред на електронската плоча, не се
обидувајте да го стартувате моторот доколку
акумулаторот не е целосно наполнет!
4.5 МОНТИРАЊЕ НА ДРЖАЧИТЕ
НА КОРПАТА ЗА ТРЕВА
Монтирајте ги двата држача (сл. 6.А) на 
задната плоча (сл. 6.Б), со користење 
на три завртки (сл. 6.В) за секој држач, 
како што е наведено, без блокирање 
на соодветните навртки (сл. 6.Г).
Прицврстете го горниот дел од рамката 
на корпата за трева (сл. 6.Д) за држачите, 
и поставете ги централно во однос на 
задната плоча (сл. 6.Б).
Прилагодете ја позицијата на двата 
држача (сл. 6.Ѓ) во однос на стоп 
позицијата, (сл. 6.Е) така што со ротирање 
на рамката на корпата за трева, 
навртката (сл. 6.Ж) ќе биде правилно 
вметната во куќиштето (сл. 6.З).
Повторно проверете дали рамката (сл. 
6.Д) е правилно центрирана во однос 
на задната плоча, (сл. 6.Б) и дали може 
правилно да се ротира како што е 
погоре опишано, и потоа прицврстете ги 
завртките (сл. 6.В) и навртките (сл. 6.Г).
4.6 ОТСТРАНУВАЊЕ НА
ПРИЦВРСТУВАЧОТ НА
КОРПАТА ЗА ТРЕВА
Косилката е испорачана така што 
прицврстувачот на корпата за трева 
(сл. 7.А) е прицврстен со кука за 
задната плоча на сечилото (сл. 7.Б).
Ова мора да се извади пред монтирање 
на држачите на вреќата на корпата за 
трева, и повеќе нема да се употреби.
4.7 МОНТИРАЊЕ НА
ПРЕДНИОТ БРАНИК
MK - 8

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents