Stiga T 92 Series Operator's Manual page 560

Ride-on lawnmower with seated operator
Hide thumbs Also See for T 92 Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 260
6.1.1 Дополнување масло и гориво
ВАЖНО Косилката нема
моторно масло или гориво.
Пред да ја користите косилката, 
проверете дали има гориво и проверете 
го нивото на маслото (пас. 7.2, пас. 7.3). 
За методите и мерките на претпазливост 
при надополнување гориво s масло 
следете ги инструкциите дадени во (пас. 
7.2, пас. 7.3) и во упатството за моторот.
6.1.2 Подесување на седиштето
Лизгачкото седиште може да се постави 
на една од шесте различни позиции.
За да го прилагодите, подигнете ја рачката 
(сл. 17.A), поместете го седиштето и 
блокирајте го во саканата позиција.
6.1.3 Притисок во гумите
Правилниот притисок на гумите 
е првиот услов за обезбедување 
хоризонтално и еднакво косење со 
помош на склопот на сечилото.
1. Извадете ги заштитните 
капачиња на вентилот
2. Поврзете го вентилот од пумпа 
со компримиран воздух којашто 
има манометар (сл. 18)
3. Регулирајте го притисокот 
според посочените вредности во 
табелата "Технички податоци".
6.1.4 Подготовка на косилката пред
започнување со работа
ЗАБЕЛЕШКА Оваа косилка може
да се користи за косење на тревникот
на различни начини; Пред да започнете
со работа, потребно е да ја поставите
косилката во правецот на косење.
a. Подготовка за косење и собирање
на тревата во корпата за трева (само
за модели со задно собирање)
– Прицврстете ја корпата за трева 
(сл. 19.А) за држачите, (сл. 19.Б) и 
центрирајте ја во однос на граничникот, 
така што двете референтни ознаки 
да бидат усогласени (сл. 19.Б).
– Осигурете се дека долната цевка 
на отворот на корпата за трева е 
закачена за прицврстувачот (сл. 19.В).
– Доколку спојницата е премногу 
прицврстена или премногу 
лабава, подесете ја пружината 
за прицврстување (види 8.9).
b. Подготовка за косење и задно
исфрлање на трева (само за
модели со задна корпа за
трева) (доколку е вградена)
– Доколку се одлучите да ја косите 
тревата без корпата за трева, 
сетот за обезбедувачот за задно 
исфрлање е достапен на барање, 
(Сл. 20, дел 15.7) и мора цврсто да 
се монтира на задниот граничник 
како што е дадено во упатството.
c. Подготовка за косење и мулчирање
– Доколку се одлучите да ја искосите 
тревата, да ја мулчирате и да ја 
оставите на тревникот, тогаш 
сетот за „мулчирање" е достапен 
на барање (погл. 15.1). Треба да се 
прикачи за задниот граничник како 
што е дадено во упатството.
Кај модели со странично 
исфрлање, осигурете се дека 
е монтиран страничниот 
држач за исфрлање (сл. 22.А) 
(доколку е вграден).
d. Подгответе ја косилката за косење и
странично исфрлање на трева (само
за модели со странично исфрлање):
– Уверете се дека пружината во 
дефлекторот (Сл. 21.А) и сигурносната 
рачка (Сл. 21.Б) работат правилно, и 
држете ги цврсто во најниската позиција.
– При косење на висока и влажна 
трева, ви препорачуваме да 
го отстраните прицврстувачот 
за странично исфрлање (сл. 
22.А) (доколку е вграден).
– За отстранување на прицврстувачот, 
ошрафете ги завртките (сл. 22.Б), а 
каналот за странично исфрлање да 
биде во исправена позиција (сл. 22.В).
Доколку прицврстувачот на 
каналот за странично исфрлање 
не е монтиран, во случај на судир 
(сл. 22.А) склопот на сечилото 
може да се деформира.
Променете го прицврстувачот 
за странично исфрлање 
по секоја употреба.
MK - 17

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents